Тешко до заеднички заклучок

Попис: што нуди власта, а што бара опозицијата

Во Собранието вообичаена практика е да се блокираат законите поднесени од власта, да се отфрлаат амандманите од опозицијата, освен оние за финансирање на политичките партии, за кои има општа согласност. Исклучок не е ни предлог-законот за пописот за кој со денови се води „борба“ дали е во согласност со стандардите на ЕУ и ОН или се подготвува фалсификат. МКД.мк доби одговори и од Еуростат.

Фото: Роберт Атанасовски

И власта и опозицијата тврдат дека пописот треба да биде статистичка, а не политичка операција, но досега не стигнаа до заеднички заклучок. И додека опозицијата најавува непризнавање на резултатот од пописот и собирање потписи за друг закон, од власта се одлучни дека „попис ќе се одржи сакале тие или не“. ВМРО-ДПМНЕ поднесе 25 амандмани на текстот на законот, но ниту еден не беше прифатен од мнозинството во парламентот. Опозицијата, меѓу другото, бара одлагање на пописот за една година, иако веќе 19 години во земјава нема попис по дебаклот на претходниот обид во 2011 година, како и користењето електронски уреди за отпечаток од прст. Спорно е и дефинирањето на населението што ќе се попишува, дали резултатите ќе ги усвои директорот на Државниот завод за статистика или Советот на статистика...

Со цел утврдување на поимник за значењето на одделни изрази во законот, опозицијата предлага нов член во законот во кој ќе се утврди значењето на поимите „Место на вообичаено живеење“, „Вкупно население“, „Официјално место на живеење во Република Македонија“, „Домаќинство“, „Стан“, „Друга населена просторија“, „Пописен реон“ и „Пописен круг“.

Наредниот амандман се однесува на одлагање на пописот за 2022 година, согласно со, како што се вели, „препораките на Обединети нации, а поради пандемијата со ковид-19“.

На местото на предложениот член 6 во кој стои дека со Пописот ќе бидат опфатени „државјани на Република Северна Македонија кои имаат живеалиште или престојувалиште во Република Северна Македонија, без оглед на тоа дали во моментот на Пописот се наоѓаат во Република Северна Македонија или во странство; странски државјани што престојуваат во Република Северна Македонија со одобрение за престој; и лица без државјанство што во моментот на спроведување на Пописот се затекнати  во Република Северна Македонија; Домаќинствата  на лицата од став 1 на овој  член; и Станови и други населени простории“, опозицијата предлага нов текст кој гласи:

Член 6

Со Пописот ќе бидат опфатени:

1) лицата што имаат место на вообичаено живеење во Република Македонија, без оглед дали во моментот на Пописот се наоѓаат во местото на живеење или во друго место во Република Македонија и кои живееле во нивното место на вообичаено живеење за континуиран период од најмалку 12 месеци пред референтниот датум за одржување на пописот или пристигнале во нивното место на вообичаено живеење во текот на 12 месеци пред референтниот датум со намера да останат таму најмалку една година.

2) лицата што имаат одобрение за постојан или привремен престој во Република Македонија со исклучок на лицата од став (6) потточки а), б) и в) на овој член;

3) лицата што имаат место на вообичаено живеење во Република Македонија, а во времето на Пописот, но најдолго до 12 месеци (една година) пред неговото спроведување, се наоѓаат на работа во странство, како и членовите на нивните домаќинства;

4) лицата што имаат место на вообичаено живеење во Република Македонија, а што во времето на Пописот се на работа во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство, Обединетите нации и нејзините организации, претставништва или претставници на Стопанската комора во странство, деловните единици во странство, воени претставници на Армијата на Република Македонија во странство и граѓаните кои се ангажирани врз основа на меѓународна, техничка и друга соработка, школување, како и членовите на домаќинствата кои со наведените лица привремено престојуваат во странство;

5) лицата што имаат место на вообичаено живеење во Република Македонија,  кои не ги поседуваат документите од членот 35-а став (1) точки 1 и 2 на овој закон, а ги поседуваат документите наведени во членот 35-а став (1) точка 3 од овој закон;

6) покрај лицата од точките 1, 2, 3, 4 и 5 на овој став, со Пописот ќе се опфатат и следниве лица:

а) странци со признат статус на бегалци, кои за време на Пописот ќе се најдат во Република Македонија;

б) странци со признато право на азил заради супсидијарна заштита, кои за време на Пописот ќе се најдат во Република Македонија и

в) странци со поднесено барање за признавање право на азил, кои за време на Пописот ќе се најдат во Република Македонија;

г) странски државјани што престојуваат во Република Македонија со одобрение за престој.

7) други лица што за време на Пописот ќе се најдат на територијата на Република Македонија, а кои не ги поседуваат документите од членот 35-а на овој закон;

8)  домаќинства на лицата единици на Пописот;

9) колективни домаќинства (составени од лица што живеат во установи за трајно згрижување на деца и возрасни, во манастири и во болници за сместување на неизлечиви болни и слично) и

10) станови и други населени простории.“

Понатаму, наместо формулацијата „За лицата - државјани на Република Северна Македонија кои се на привремена работа или престој во странство податоците од член 10 од овој закон ги дава полнолетно лице на кого најмногу му се познати... се бара користење на зборовите: „кое е член на семејството согласно Законот за семејство“.

Еден од амандманите на опозицијата предвидува податоци за присутност  - отсутност, како и етнички карактеристики, односно национална припадност, мајчин јазик и вероисповед.

Што предвидуваат стандардите на ЕУ за овие определби.

„Законодавството за попис во ЕУ не вклучува националност и јазик и нема специфични препораки за овие прашања. Се разбира, државите што сакаат можат слободно да донесат сопствена одлука за собирање на овие податоци“, одговорија од Еуростат на прашање од МКД.мк.

Што се однесува на попишувањето на граѓаните што се отсутни од земјата, од Еуростат, повикувајќи се на одредби од ЕУ, велат:

„Се советува отсутните граѓани што живеат во странство 12 месеци или подолго да не се вклучуваат во резидентното население. Сепак, државите можат, ако сакаат, со пописот да соберат информации за овие емигрантски групи, но тие мора да бидат одвоени од информацијата за резидентното население."

Ж.П.Б.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе