Вашингтон

Помпео: Ратификувањето на Протоколот за НАТО во Сенатот важен чекор за Северна Македонија

Американскиот државен секретар Мајк Помпео го поздрави ратификувањето на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО.

Во неговата изјава, која денеска ја објави Стејт департментот, Помпео потенцира дека усвојувањето на пристапниот Протокол за влез на Северна Македонија во НАТО во Сенатот ја истакнува американската заложба кон трансатлантската безбедност и претставува важен чекор напред во напредокот на земјата кон членство во Алијансата, јави Гласот на Америка.

„Силно ја поддржуваме определбата на Северна Македонија кон поблиска интеграција со трансатлантската заедница. Вчерашното гласање ја реафирмира постојаната определба на Северна Македонија кон демократските принципи и владеењето на правото и нејзиниот придонес кон мирот и безбедноста во регионот. Ја очекуваме наскоро Македонија како 30-та членка на НАТО“, се вели во изјавата на Помпео.

Американскиот Сенат вчера со 91 глас „за“ и два против ја усвои Резолуцијата за ратификација на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО.

САД се 25-тата членка на НАТО од вкупно 29, што го ратификува Протоколот за пристапување на земјава во Северноатлантската алијанса.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе