По завршената посета

Помпео на Твитер: Нашите односи уште повеќе ќе се засилат

Нашите односи уште повеќе ќе се засилат преку заедничките заложби за мир, безбедност и просперитет, напиша на Твитер државниот секретар на САД по денешната официјална посета на Maкедонија и средбите во Охрид со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев.

„Дискутиравме за поддршката на САД за пристапувањето на Северна Македонија кон НАТО и ЕУ, имплементацијата на Преспанскиот договор и економскиот развој со претседателот Пендаровски покрај прекрасното Охридско Езеро. Нашите односи уште повеќе ќе се засилат преку заедничките заложби за мир, безбедност и просперитет“, напиша Помпео, кој доцна попладнето од Охрид замина за Атина во официјална посета на Грција.

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе