„Коалицијата е стабилна“

Помалите партии во владејачката коалиција повикуваат на поддршка за СДСМ во вториот изборен круг

Дел од помалите партии кои се во владејачката коалиција се огласија со соопштенија во кои ги повикуваат своите членови во вториот круг од локалните избори да гласаат за кандидатите за градоначалници на СДСМ и коалицијата, а истовремено потврдуваат дека владината коалиција е стабилна.

„Партијата за општествен и економски напредок ПОЕН се залага преку своето политичко дејствување, да придонесува во создавањето на такви општествени односи во земјата во кои граѓаните на Република Северна Македонија ќе можат да живеат во безбедна, стабилна и просперитетна држава во која ќе владеат социјален мир, ред и поредок, со воспоставени стандарди на мултикултурното општество, засновано врз стабилни интеркултурни односи, со демократски политички систем, со владеење на правото и со почитување на темелните човекови права, слободи и достоинство“, соопштија од партијата.

Оттаму додаваат дека цврсто стојат во коалицијата предводена од СДСМ, која е авангарда на идејата за Едно општество и дека коалицијата предводена е СДСМ е стабилна и работи исклучиво во интерес на сите граѓани и напредок на нашата земја во современа, мултикутурна држава, членка на НАТО и Европската Унија.

Од ПОЕН апелираат до граѓаните на 31 октомври масовно да излезат и гласаат за кандидатите за градоначалници на СДСМ и коалицијата, со цел да нашата земја продолжи по патот на стабилноста и општествената кохезија, кон полноправното членстово во ЕУ.

И Партијата на пензионери демантира дека владиното мнозинство е доведено во прашање и преку соопштение до јавноста вели дека тоа е стабилно

„Во име на постигнатите, како и започнатите и незавршените реформи, зацртаните реформски приоритети, интеграцијата и европеизација на земјата објавуваме дека учеството на Партијата на пензионери во владиното мнозинство не се доведува во прашање, истото е стабилно и продолжуваме понатаму напред со работа во стабилна коалиција по зацртаниот демократски и европски пат и дека нема да има никакво отстапување и доведување во прашање на постигнатиот договор со сите учесници во коалицијата“, велат од партијата.

Оттаму ги повикуваат сите нивни членови и симпатизери, да ја подржат коалицијата предводена од СДСМ и да гласаат за кандидатите за градоначалници на коалицијата  „Најдоброто за мојата општина“ со што ќе дадат свој придонес во просперитетот на земјата.

Демократскиот сојуз на Власите ги нарече „замајување на јавноста“ последните шпекулации околу стабилноста на владината коалиција и информира дека коалицијата е стабилна, владиното мнозинство е стабилно и работи исклучиво во интерес на граѓаните.

„Оваа владина коалиција и покрај сите предизвици како однадвор така и од внатре, останува цврста, обедината и сплотена во намерите да работи за напредокот на земјата и тоа и понатаму останува наша највисока цел. Демократскиот сојуз на Власите и понатаму останува дел од оваа коалиција затоа што препознавме вредности со кои Република Северна Македонија продолжува напред по демократскиот  и европскиот пат“, соопштија од партијата.  

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе