Помалите парламентарни партии, поддржани од СДСМ, со предлог Македонија да биде една изборна единица

Пратениците од Деморатски сојуз, Левица, ВМРО-НП, ЛДП и СДСМ до Собранието денеска поднесоа Предлог закон за измени и дополнувања на Изборниот законик, со којшто се предвидува Македонија да биде една изборна единица на следните парламентарни избори наместо со шест изборни единици како досега.

„Се предвидува Македонија да биде една изборна единица, да остане пропорционалниот модел, да нема изборен праг и пресметката на бројот на пратеници да се одвива преку Донтовиот количник“, рече Павле Трајанов од Демократскиот сојуз.

Тој смета дека со овие измени дефинитивно ќе се демонтира еднопартиското владеење во нашата држава, Парламентот ќе биде реален одраз на определбата на граѓаните и ќе има можност повеќе партии да одлучуваат за круцијалните прашања, ќе се создадат основи за системски промени, за департизација, за деполитизација на државните институции и ќе може да се отвори робусна борба против криминалот и да се реализираат битни промени.

Трајанов додаде и дека ако се обединат сите пратеници кои не се од големите партии СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, можат да го завршат овој процес успешно.

„Доколку законот дојде во втора фаза во него ќе се вгради и предлогот соодносот жени – мажи на листите да биде 50:50. Подготвени сме да ги прифатиме сите иницијативи кои се во функција да имаме порегуларни избори во нашата држава“, изјави тој.

Пратеникот Панчо Минов го искажа ставот на СДСМ дека ова прашање за една изборна единица е дел од ветувањето на владејачката партија и дел од владината програма.

Според него, важно е што повеќе партии да бидат застапени во Парламентот, родовиот сооднос, како и застапеноста на етничките заедници. Минов апелираше измените да бидат донесени со консензус.

Пратеникот Димитар Апасиев од Левица истакна дека неговата партија се приклучува кон оваа иницијатива за една изборна единица, и рече дека ќе ја поддржи без разлика на предлагачот. Според нивните пресметки, Левица на минатите парламентарни избори била оштетена со тројца пратеници. И Апасиев апелираше до сите пратеници да ги прифатат измените, бидејќи тие придонесуваат за демократизација на општеството.

 

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе