Годишен извештај за кршење на човековите права на Македонците во Бугарија

„Положбата на Македонците во Бугарија се влоши поради тензиите меѓу Скопје и Софија“

Во текот на 2021 година положбата на македонското малцинство во Бугарија се влоши поради тензиите во односите на Бугарија со Република Македонија, поради обидите на Бугарија да го принуди Скопје да се откаже од постоењето на македонското малцинство во Бугарија, и медиумската кампања што се спроведува во Бугарија во оваа насока. Во општеството владее клима на нетрпеливост кон Македонците кон кои е насочен говор на омраза кој честопати нашироко се пренесува низ медиумите без да биде казнет од државните институции и без да наиде на осуда од општеството, се вели во годишниот извештај за кршењето на човековите права на Македонците во Бугарија подготвен од неколку организации на Македонците во оваа земја и Македонското меѓународно движење за човекови права.

Како што постојано известува Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП), на земјите-членки на ЕУ и НАТО не само што им е дозволено да вршат кршење на човековите права против нивните етнички малцинства, но во случајот со Бугарија и Грција, тие дури и се охрабруваат и им се помага да ги кршат правата на своите македонски малцинства. ЕУ и НАТО им помагаат на овие две земји земји во вршењето притисок врз Република Македонија за да ѝ се смени името, идентитетот и историјата, и да се постигнат поставените цели на Бугарија и Грција за негирање на постоењето на големите македонски малцинства во нивните граници.

ММДЧП и македонското малцинство во Бугарија бараат ЕУ и НАТО да го осудат спроведувањето на антимакедонските договори со Бугарија и Грција, да ги осудат овие две нивни земји-членки за нивното грубо кршење на правата на Македонците, и конечно да ги спроведат конвенциите за човекови права на кои двете земји се потписнички.

„Повредата на правото на здружување, како и говорот на омраза и дискриминацијата на кои се изложени Македонците, се засноваат на негирањето на македонското малцинство и третирањето на самата идеја дека такво малцинство постои како непријателска кон Бугарија, земјата која веќе 14 години е членка на Европската Унија, негирањето, асимилацијата и дискриминацијата на македонското малцинство во Бугарија трае веќе 58 години.

Со оглед на актуелната состојба во земјата се чини неверојатно дека состојбата на Македонците во Бугарија може да се подобри без сериозна надворешна интервенција, особено од европските институции. Овој проблем е многу стар и сериозен и бара итни мерки. Негирањето и дискриминацијата на македонското малцинство претставува последен остаток на тоталитарната политика во Европската Унија.

За да се решат сегашните проблеми на македонското малцинство во Бугарија, треба да се случат следниве промени:

Одлуката на Уставниот суд од 29 февруари 2000 година и Декларацијата на бугарското Собрание од 6 март 1990 година, со која официјално се тврди дека во Бугарија нема конкретна македонска етничка група, како и парламентарната декларација од 9 ноември 2019 година, мора да бидат поништени. Овие одлуки служат како идеолошка и правна основа за дискриминација. Владата треба официјално да објави дека македонското малцинство повеќе нема да биде негирано или дискриминирано и дека неговите права ќе бидат бранети.

Државата треба официјално да го признае постоењето на националните малцинства во земјата и концептот „национални малцинства“ треба да биде вклучен во Уставот. Државата треба да ги преземе неопходните законски мерки така што принципот на единство на нацијата не може да се толкува како негирање на постоењето на националните малцинства и нивните права.

Законот за регистрација на невладини организации треба да се смени и во него да се вклучат членови што ќе го оневозможат толкувањето на самоопределувањето на малцинските групи како антиуставен, антидржавен акт што го загрозува територијалниот интегритет и го оправдува одбивање на регистрација.

Треба да се преземат мерки за уставната забрана за формирање на организации на етничка основа во иднина да не се толкува и користи за спречување на правото на малцинствата да формираат свои организации.

Бугарија треба да ги спроведе пресудите на ЕСЧП и македонските организации треба да бидат регистрирани. Треба да се отстранат пречките што ја спречуваат регистрацијата на македонските организации.

Мора да се почне активен дијалог помеѓу државата и претставниците на македонското малцинство со цел да се решат тековните проблеми и мора да има македонски претставник во Комисијата за малцинства. Овој дијалог треба да започне веднаш, без да се чека признавање на македонското малцинство бидејќи „признавање од страна на државата како малцинство не е предуслов тоа да се квалификува за заштита согласно Рамковната конвенција“ и треба да се фокусира на примена на Рамковната конвенција за Македонците во согласност со специфичните членови на Конвенцијата.

Документите за попис треба да содржат посебна колона за „Македонци“ и за време на спроведувањето на пописот треба јавно и официјално да се објави дека секој што самостојно се идентификува како Македонец може слободно да го стори тоа.

Треба да се преземат мерки за унапредување на толеранцијата кон македонското малцинство и за нејзина заштита од говор на омраза и институционална дискриминација.

Изучувањето на македонскиот литературен јазик, култура и историја треба да биде вклучено во наставните програми за деца кои припаѓаат на македонското малцинство. Во исто време, наставните програми за основните училишта треба да се изменат и веќе да не се отстрануваат наводите за македонската нација и нејзината историја, култура и јазик (ова не е е ново, во минатото се правеше во Бугарија, но сега е напуштено како идеја)“, се вели во извештајот.

Автори на овој извештај се Комитетот за одбрана на човековите права „Толерантност“, со поддршка на ОМО Илинден -ПИРИН, ОМО Илинден, Здружението на репресирани Македонци жртви на комунистички терор, Здружението за одбрана на основните граѓански права, Македонското меѓународно движење за човекови права, Македонскиот клуб за етничка толеранција во Република Бугарија, Граѓанската иницијатива за признавање на македонското национално малцинство во Бугарија и одбрана на правата на бугарските граѓани со македонска свест, Македонскиот клуб за етничка толеранција во Република Бугарија, Антички Македонци и весникот „Народна волја“.

Безбедноста, енергијата и миграцијата се три приоритети со најголема важност за британските граѓани, така што тие се на и на самиот врв на мојата агенда. Затоа патувам за Прага на средбата со европските лидери.

повеќе

Камбаните бијат поради нашата некадарна дипломатија, која е професионално  одговорна за дебаклот со Договорот со Бугарија, а пред тоа за Преспанскиот договор.

повеќе

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе