Брисел

Политико: Бугарија го информира Брисел дека во Македонија се води „антибугарска идеологија“

Амбасадорите на ЕУ денеска ќе разговараат за пристапните преговори со Албанија и Македонија. Дипломатите брифираат дека се очекува Бугарија да каже „не“ на почнувањето на првата меѓувладина конференција со Македонија. Во документот дистрибуиран од Софија до владите на ЕУ, виден од новинар на Политико, Бугарија вели дека она што се случува во Македонија го смета за „антибугарска идеологија спонзорирана од државата“, пишува Политико.

„Нема да навлегуваме во деталите за бугарската чувствителност, кои се базираат на аргумент за тоа кој бил подобар во борбата против Отоманската империја пред повеќе од еден век. Штета за Северна Македонија! Се откажаа од името на нивната земја за да ги смират Грците и сега се очекува нивната историја да биде подложена на одобрување од Бугарија. И сето тоа, имајте предвид, за нејасна можност за евентуално влегување во ЕУ, имајте предвид“, пишува „Политико“.

Според дипломатски извори, во Брисел од вчера веќе се разгледува и преговарачката рамка. 

 

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе