Потпишан Кодексот за фер и демократски избори

Политичките партии се обврзаа на демократски изборен процес

Со потпишување на Кодексот за фер и демократски избори, политичките партиите денеска се обврзаа на демократски изборeн процес во кој ќе се почитуваат основните човекови права и слободи, со цел постигнување транспарентни, инклузивни и отчетни избори.

Кодексот го потпишаа претставници од сите политички партии, учесници на претстојните избори. Први го потпишаа претставниците на двете најголеми политички партии, Зоран Заев и Владо Мисајловски, а по нив Фатмир Бесими и Биљал Касами од ДУИ и БЕСА, Горан Милевски и Маја Морачанин од ЛДП и ДОМ, Зијадин Села и Афри  Гаши од Алијанса на Албанците и Алтернатива. Кодексот го потпишаат и ДПА, ГРОМ, Демократската партија на Турците, Партијата за движење на Турците, Левица, Интегра, ПОДЕМ, на Бошњачки демократски сојуз, Титови леви сили и Зелен хуман град.

Претседателот на ДИК Александар Даштевски рече дека изборите и другите политички процеси се клучни за квалитетот на управувањето и дека можат во голема мера да го унапредат долгорочниот демократски развој на земјата, како и приоритетите, регионалните и глобални надворешни политики, а најфундаменталниот принцип што ги дефинира кредибилните избори е слободното изразување на волјата на народот.

„Пристапот на изборниот циклус ги покажува изборите како континуиран интегриран процес составен од фази кои меѓусебно си влијаат и се преклопуваат едни со други, а не како серија на изолирани настани. За да се постигнат вистинските демократски избори основните човекови права и слободи е неопходно да се остварат без непотребни произволни или тешки ограничувања. Ниту еден изборен процес не е совршен. За сите се потребни постојани подобрувања, но степенот до кој процесите ги исполнуваат овие стандарди ќе зависи од нивото на нивниот кредибилитет”, изјави Даштевски.

Тој потсети дека избирачите треба да бидат слободни, соодветно информирани, а гласањето тајно. Исто така, оние кои сакаат мирно да се натпреваруваат за политичката моќ треба да имаат право слободно да се здружуваат во политички партии и да добијат пристап до гласачкото ливче без дискриминација.

Како учесници во политичките избори, на настанот што се одржа во Клубот на пратеници беа спомнати и медиумите, за кои Даштевски рече дека треба да бидат слободни, да собираат и пренесуваат информации за учесниците во изборите и прашањата од политичка важност и да ги покриваат сите учесници точно, праведно и правично.

За граѓанските организации, пак, беше порачано  да учествуваат во изборниот процес преку едукацијата на другите граѓани за важноста на слободните изборите.

Чинот на потпишување беше во организација на НДИ од каде истакнаа дека овој кодекс е од особена важност при борбата за родова еднаквост и против насилството врз жените во политиката.

Со денешниот чин, учесниците на локалните избори преземаат одговорност дека ќе се придржуваат и активно ќе го промовираат Кодексот за фер и демократски избори, дека ќе ги почитуваат принципите на демократијата и доброто владеењето и ќе придонесуваат за демократски развој на општеството. Исто така, се обврзаа дека со своите активности ќе придонесат за градењето на довербата во изборниот систем на државата.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе