Виенски економски форум

Политичката стабилност и напредокот на Македонија отвора можности за нови инвестиции, порачаа Заев и Хан

Успешно спроведенетите претседателски избори, како и за Договорот од Преспа, кој што е решение на огромен проблем, а кој што резултираше со продлабочување на соработката помеѓу Македонија и Грција се дел од темите за кои говореше премиерот Зоран Заев во воведното обраќање на отворањето на Виенскиот економски форум „Виенски економски разговори – нови перспективи за Република Северна Македонија“.

Освен Заев, воведни обраќања имаа и Томас Арнлоднер, извршен директор на А1 Телеком Австрија Групација и член на одборот на Виенскиот економски форум, како и Јоханес Хан, еврокомесарот за проширување и добрососедска политика.

Говорејќи за односите со Австрија, Заев кажа дека во изминатите 10 години Австрија беше најголем инвеститор во Северна Македонија со 392,2 милиони евра што изнесува 13,2% од вкупните странски директни инвестиции во државата.

Во однос на реформите во земјата, како што соопштија од владината прес-служба, Заев се осврнал на судските реформи, реформите во безбедносниот систем и јавната администрација, како и борбата против корупцијата, коишто остануваат врвен приоритет во работењето на Владата.

„Во периодов од 22 месеци откако актуелната Влада дојде на власт, ние ја вративме демократијата и функционалните демократски институции од она што до неодамна беше заробена држава. Тие приоритети се идентични со нашата пристапна агенда за ЕУ. Република Северна Македонија нема друга алтернатива за интеграцијата во ЕУ и НАТО и  повеќе од 75% од населението ги поддржува таквите аспирации“, изјавил Заев.

Според него, земјата е подготвена и политички и институционално и „ние цврсто веруваме дека заслужуваме одлука заснована на заслуги и веруваме дека и ЕУ ќе испорача“.

Во обраќањето тој уште кажал дека 2019 година дека ќе биде година на економијата, како продолжение на економскиот напредок од минатата година и додал дека земјава има позитивен импакт и на целиот регион.

„Сега Северна Македонија е единствената земја во регионот којашто нема отворени прашања со ниту еден сосед. А кога постои договор следат и економските резултати“, додал Заев.

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан на отворањето на Виенскиот економски форум истакнал „дека политичката стабилност на Северна Македонија е најдобра во регионот, а уште еден доказ за тоа беа успешно спроведените претседателски избори“. Тој ги охрабрил компаниите од Австрија да инвестираат во нашата земја, бидејќи како што рече, тоа значи поголем профит за земјата и отворање на нови работни места.

Осврнувајќи се на напредокот на Македонија во сите сфери, Хан го изрази своето очекување земјата да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ и до крајот на оваа година да бидат отворени и првите поглавја.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе