Полицискиот синдикат смета дека се водат банални дисциплински постапки против полицајци

Банални се причините за околу 250 покренати дисциплински постапки против полицајци од страна на високо позиционирани припадници во секторите за внатрешни работи во МВР, изјави првиот човек на Независниот полициски синдикат, Гоце Делчев Тодев на денешната конференција за медиуми во Штип.

„Лице кое морало да оди во тоалет за време на изборите, а имал покритие на работното место, сепак завршил на дисциплинска постапка“, вели Тодев.

Според статистиката на Синдикатот, против еден полициски служебник од СВР – Струмица се водат дури шест, а две од нив биле поништени во судска постапка, што, според Тодев, докажува дека се работи за лоша проценка на претпоставените.

„Морале тие две постапки кои се воделе против работникот, односно претставникот и член на претседателството на Независниот синдикат на полицијата да ги вратат, односно да се поништат како решенија“, вели Тодев.

Од Синдикатот со посебен акт ќе го информираат и лично министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, бидејќи тој е потписник на решението за висината на казната које ќе ја добие службеникот против кој се води дисциплинската постапка.

„Не смее да остане на оној став што го добива како основа од страна на работниците кои едноставно водат хајка против неистомисленици во рамките на полицијата“, вели Тодев.

Според него, случувањата во полицијата ќе се рефлектираат и врз безбедноста на граѓаните, бидејќи полицајците и инспекторите наместо да си ја вршат работата, се преокупирани со насоките на комисиите за водење на дисциплински постапки.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе