МВР ноќеска со полни раце работа

Полицискиот час не го почитувале вкупно 242 лица, 95 биле приведени

Изминатото деноноќие полицискиот час го прекршиле 242 лица. Според евиденцијата на МВР во однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на цела држава 242 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 95 лица, а опоменати се 37 лица. Полицискиот час за време на викендов траеше од 16 до 05 часот, а од денес до петок ќе трае од 21 до 05 следниот ден. 

На територијата на државата на 109 лица им се издадени решенија за изолација, а 112 лица потпишале изјави за самоизолација.

Oд страна на полициски службеници извршени се контроли над лица во изолација и самоизолација, а констатирано дека едно лице, во самоизолација, не било затекнато во својот дом.

Во државен карантин се спроведени 209 лица, вратени од странски земји.
Вкупно 162 државјани на РМ ја напуштиле државата и потпишале изјава дека државата не им гарантира навремено враќање во државата.

Министерството за внатрешни работи контиуирано презема активности за заштита на здравјето и животот на граѓаните и апелира да се почитуваат мерките на Владата.

 

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе