Македонско-бугарско пријателство

Полицијата влезе во домовите на членовите на новото македонско друштво во Бугарија, „ова е антимакедонска кампања“

Сите основачи на новото Граѓанско друштво за заштита на основни индивидуални човекови права во Бугарија, кое главно се занимава со правата на македонското малцинство во оваа земја, вчера биле посетени од бугарската полиција, по налог од обвинителството, и биле распрашувани за работата на ова здружение. Ова вчера се случуувало во Благоевград и во селото Черниче.

Здружението било регистрирано во бугарскиот суд на 30 август, и досега не пројавило некаква активност. Сепак, основачитте на ова друштво, во изјава за МКД.мк велат дека сите биле распрашувани за тоа кој ги собра и со која цел е основано здружението, зошто активностите се однесуваат само на лица кои се самоопределуваат како Македонци, дали досега имале некакви дејства...

Георги Христов, основач на весникот „Народна воља“ и еден од основачите на Граѓанското друштво за заштита на основни индивидуални човекови права во Бугарија вели дека и тој бил посетен од полицијата.  

„Ова се прави пред друштвото да покаже каква било активност, нема никаков повод за ваква активност на полицијата и на обвинителството, освен да се направи притисок судот да го смени решението од пред два месеци за регистрација на друштвото. Сите добивме и покани да одиме во полицијата и да дадеме изјави за регистрацијата на друштвото.  Паралелно во Бугарија во различни медиуми почна вулгарна кампања против македонската нација вклучително и на националната телевизија, што нѐ наведува на мисла дека е во прашање организирана кампања од највисоко ниво“, вели Христов во изјавата за МКД.мк.

Македонците-активисти од Бугарија најавуваат дека за ова ќе испратат реакција и до Стразбур, до Судот за човекови права, а ќе бидат информаирани и членовите на мониторинг мисијата на Советот на Европа.

А.Д.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе