По вчерашниот инцидент во Дебар Маало

Полицијата синоќа ја блокирала кафеанaта на „Боемска“, Мицкоски призна дека бил таму, се бараат снимките

Синоќа пред кафеана на улицата „Боемска" во Скопје се случувала вистинска драма откако пазарни инспектори откриле дека во затворениот дел од кафеаната имало гости. Откако се дознало дека внатре бил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, дошле полицајци со различни наредби, во зависност од тоа од кој началник добиле наредба.

Кафеаната била блокирана од припадници на Единицата за брзо распоредување во очекување на налог од Јавен обвинител за одземање на видео снимките, кои пак некој претходно се обидувал да ги избрише.

Мицкоски призна дека тој заедно со уште тројца луѓе бил во кафеаната и дека не бил доволно запознаен со протоколите во однос на забраната за гости во затворен дел од угостителски објекти.

„Вечерва Државниот пазарен инспекторат во околу 18,15 часот беше спречен да изврши увид во еден угостителски објект со образложение дека објектот е од затворен тип и дека нема гости внатре. Колегите продолжија во другите угостителски објекти, но сепак се вратија кај истиот угостителски објект со уште една замолница да се отвори објектот за да извршат надзор. По некои два и пол часа успеавме да влеземе во објектот, но пред тоа имаше други дејства, од објектот излегоа луѓе кои инспекторите не беа во можност да ги легитимираат бидејќи не можеме да легитимираме, но препознаен е политичар, односно претседател на политичка партија“, изјави Мери Проја Продановска од Државниот пазарен инспекторат.

Тогаш и почнува брканицата пред кафеаната. Најпрво пристигнал началникот на СВР Скопје поставен од ВМРО-ДПМНЕ, Ристе Ставревски, а потоа и дополнителниот началник поставен од СДСМ. Според сведоци, се појавил и Сашо Тасевски, директорот на Јавна безбедност поставен од СДСМ. Дошле и припадници на обезбедување на политичка партија, а потоа и припадници на Единицата за брзо распоредување.

Се јави и дополнителната министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска која на својот фејсбук-профил појасни дека се работи за две кривични дела според членот 205 и 206 од Кривичниот закон, „пренесување заразна болест“ за што се предвидени парични или казни затвор од 1 до 10 години  и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, за што следува парична казна или затвор до една година.

Освен тоа, од пазарниот инспекторат велат дека за овие прекршоци следуваат и кривични пријави за сопственикот на угостителскиот објект кој не дозволувал надзор во објектот.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе