четврток, 28 март 2024

Откажани летовите од Виена до Скопје и обратно

Откажани се летовите од Виена до Скопје и обратно поради штрајк на вработените во авиокомпанијата Аустријан ерлајнс.

Фото: П.Џ.

Објавено на

часот

Сподели

На официјалната веб страница на Меѓународниот аеродром Скопје не се ставени ниту полетувањата, ниту слетувањата со оваа авиокомпанија.

Поради штрајкот, којшто според најавите треба да трае денеска и утре, глобално откажани се околу 400 лета и засегнати се околу 50.000 патници.

Во текот на овие два дена оваа авиокомпанија требаше да реализира 24 лета од Виена до градовите во поранешна Југославија вклучувајќи летови до Белград, Сараево, Загреб, Приштина, Скопје, Подгорица, Дубровник и Сплит.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ