Полицијата ги спречи демонстрантите од „Македонија блокира” да дојдат до домот на Канческа-Милевска

Полицијата вечерва спречи демонстранти од иницијативата „Македонија блокира“ да се приближат до домот на пратеничката и поранешна министерка за култура Елизабета Канческа- Милевска, во скопската населба Пржино.

Демонстрантите на патот до домот на Канческа-Милевска пуштаа народни песни и извикуваа „Македонија, Македонија“.

Лидерот на партијата Единствена Македонија, Јанко Бачев, ја повика поранешната министерка да излезе од својот дом и да се помири со граѓаните, а не со, како што рече, „оние во Собранието”, бидејќи тие имаат единствена цел само да ја продадат Република Македонија.

„Излези Бети, излези, ако не поради нешто друго, барем поради тоа што си домаќинка. Излези со народот и прими го писмото од граѓаните“, повика Бачев.

Собирот пред домот на Канческа-Милевска го најави самиот Бачев пред два дена. 

„Објава - Продолжуваме!

Четврток, 15 ноември одиме пред домот на пратеничката Елизабета Канчевска Милевска. Собирно место пред Собранието од каде тргнуваме во 19 ч.

Очекуваме и повикуваме на масовно присуство оти влегуваме во финална битка за опстанок на македонската држава и македонскиот народ!”, напиша Бачев на Фејсбук.

Минатата недела поддржувачите на „Македонија блокира“ протестираа пред домовите на пратениците кои ги поддржаа уставните измени Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и Сашо Василески.

Фото: Плусинфо

Со потпишувањето на Преспанскиот договор се чинеше дека се отстрани единствената пречка за македонската интеграција во ЕУ и НАТО.

повеќе

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе