Полиција во фирми на охридскиот советник Усеини

Полициски инспектори, во координација со Основното јавно обвинителство вршеле проверка во фирми во сопственост на охридскиот советник од редовите на ДУИ, Нефи Усеини, јавуваат дел од медиумите. 

Денеска се проверувала базата за бетон во сопственост на Усеини, односно во чија сопственост е земјиштето на кое е базата, а проверката била вршена по претходно отворени истраги.  

Советникот Усеини во изјава за ТВ 24 вели дека увид имало само на бетонската база. Тројца инспектори ја проверувале исправноста на механизацијата, условите за работа на работниците и барале документи околу нивното вработување и осигурување. 

Во канцелариите на компанијата Нефи ИК се уште не бил извршен никаков увид, но Усеини рекол дека е подготвен во секое време да ги покаже сите документи за работењето на неговата компанија.

Советникот во Општина Охрид стана познат откако отвори локал дивоградба во заштитеното подрачје на Охрид. Објектот не е урнат и покрај решението за уривање.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе