Прилепчанец доби пријава за лажно претставување

Полицајците што во време на коронавирус порачаа „Седете дома клошари“ добија дисциплинска постапка

МВР поведе дисциплинска постапка против двајца униформирани полицајци чија фотографија вчера се појави на социјалните мрежи, а под која имаше напишано навредлива содржина за граѓани што се во изолација поради коронавирусот. Двете лица објавија слика во униформи на која напишаа „Седете дома клошари“. Во истиот контекст беше објавена и втора фотографија со само едно лице, за која МВР утврдило дека не станува збор за полициски службеник, туку за лицето А.А од Прилеп, кое е повикано во полиција и на кое му е изречена прекршочна пријава и глоба од 600 до 800 евра за лажно претставување.

На втората фотографија лице облечено во маичка со знакот на полицијата порачува дека ако „зачекал некого после 9 следувало пендрек и 10 години робија“. За него е утврдено дека не е полицаец, туку лажно се претставувал. 

МВР, како што се наведува во соопштението, го осудува ваквиот недоличен и недопустлив начин на однесување особено на полициски службеници и согласно процедурите веднаш изврши проверки дали станува збор за вработени во МВР .

Во соопштението се посочува дека при извршените проверки било утврдено дека двете лица кои се фотографирани во возило се овластени полициски службеници.Тие веднаш се повикани на разговор во внатрешна контрола на МВР, при што против нив најитно е поведена дисциплинска постапка за чија содржина и исход, јавноста ќе биде информирана по утврдување на сите факти.

Во врска со другата фотографија на којашто е фотографирано едно лице, МВР утврди дека не станува збор за полициски службеник туку за граѓанин А.А (27) од Прилеп, кој веднаш по утврдување на идентитетот е повикан во ОВР Прилеп на разговор. По утврдените факти и разговорот со него, МВР против А.А ќе поднесе прекршочна пријава по член 23 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир во висина од 600 до 800 евра глоба, заради лажно преставување на социјалните мрежи како полициски службеник, носејќи полициска маица со полициски ознаки .

МВР апелира до граѓаните и до полициските службеници да бидат крајно внимателни со содржините на објавите на социјалните мрежи и воедно потенцира дека најстрого ќе бидат казнувани сите лица кои со ваквото недолично и непрофесионално однесување го нарушуваат угледот на полицијата.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе