За одлуката да се стопира прифатниот центар за странци во Бардовци

Покажавме дека сакаме да ги чуеме и дилемите, проблемите и стравовите на граѓаните, вели Маричиќ

Министерот за правда Бојан Маричиќ вели дека донесувањето на одлуката за стопирање на изградбата на Прифатен центар за странци во Бардовци и да се бара нова локалција надвор од населено место не била лесна, но, оти била неопходна со цел да се испочитува барањето на граѓаните.

„Верувајте ова не беше ниту лесна одлука, ниту нешто што можеше брзо да се направи, но го завршивме успешно и го завршивме во интерес и на барање на граѓаните. Владата вчера на седницата донесе одлука за стопирање на градбата на Прифатен центар за странци во Бардовци и одлука со која што беа задолжени две министерства да бараат нова локација вон населено место, така како што бараа граѓаните на Бардовци. Мислам дека е ова голема победа за граѓаните, но голема победа и успех и за Владата затоа што не може Владата без граѓаните, ниту граѓаните без Владата“, изјави вечерва Маричиќ по средбата со граѓаните од Бардовци кои дојдоа пред Владата да ја поздрават нејзината одлука.

Министерот за правда вели дека во однос на ова прашање граѓаните имале дилеми и стравови и оти Владата покажала дека сака да ги чуе и да ги уважи.

„Покажавме дека сакаме да ги чуеме и дилемите и проблемите и стравовите на граѓаните и не само што сакаме да ги чуеме, туку сакаме и да ги уважиме и да донесеме соодветни одлуки за да имаат мирен живот, за да имаат спокоен живот и за да веруваат во институциите. Мислам дека ако ова го продолжиме како тренд, ако умееме да признаеме кога некогаш за нешто сме направиле пропуст и ако ги послушаме граѓаните успехот е загарантиран и за граѓаните и за нас. И затоа ви честитам и на вас и на вашата упорност. Би сакал да ви кажам дека вратите на оваа институција ќе останат отворени за сите ваши проблеми и за се она што ви треба и како населба, и како општина и секако како граѓани на целата држава“, рече Маричиќ.

Претставниците на жителите од Бардовци се заблагодарија на министерот Маричиќ и на целата Влада. Ова, посочија, е успех на граѓаните, но, без министерот и Владата немаше да го постигнеме овој договор. Тие изразија благодарност до сите жители, што, како што посочија, се бореле заедно со цел да се постигне овој договор, да се надминат препреките и да се најде заеднички јазик.

Владата вчера соопшти дека на седница донела одлука за стопирање на изградбата на Прифатниот центар за странци во Бардовци и негово преместување на локација надвор од населено место.

Ова, како што беше објавено на Фејсбукот на Владата, доаѓа како одговор на барањето на граѓаните од Бардовци и Волково кои со месеци протестираа против изградбата на центарот.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе