Свечено заседание на Светиот архиерејски Сабор на СПЦ

Поглаварот Порфирије спомна митрополии од Македонија обединети во СПЦ пред 100 години

На свечената седница на Светиот архиерејски Сабор на СПЦ по повод 100 - годишнината од воспоставувањето на канонско единство на Српската патријаршија, поглаварот Порфирие рече дека Печката патријаршија од незаконитото укинување во 1766 година до 12 септември 1920 година живелела поделена во митрополии и епархии во границите на различни држави, кога е воспоставено единство. Поглаварот, меѓу другите, ги наброја Скопската, Вeлешко-дебарската, Пелагониската, Преспанско-охридската, Струмичката и, во еден дел Воденската митрополија со кои било воспоставено единството.

„Овој голем празник е празник на единството и слогата, ден кога од сите е потврдена општата, секогашната свест за единство и континуитет на нашата света Православна црква во историјата, особено по големиот настан на стекнувањето на автокефалноста пред повеќе од осум векови, од Жича, Пеќ и Карловац до Белград“, рече поглаварот на СПЦ на заседанието што се одржува во Сремски Карловци, а е наведено во официјалното соопштение.

На 19 февруари 1922.година, како што нагласил, Константинополската патријаршија со соодветен црковен акт, со сеправославно прифатен томос, го потврди обединувањето на историските српски црковни области како „канонско и оправдано“', а СПЦ, нагласи, е призната за секогаш и за навек како сестринска Црква на сите автокефални православни цркви.

Инаку, како што пишува српскиот медиум Блиц, утре во работниот дел на Светиот архиерејски Сабор на СПЦ во храмот „Свети Сава“ во Белград теми, меѓу другите, ќе бидат и Косово и Македонија, односно одлуката на Всленскиот патријарх Вартоломеј за канонско признавање на Македонската православна црква, односно Орхидкса архиепископија.

Блиц нагласува дека се очекува расправа за тоа прашањето за црквата во Македонија бидејќи „адресата за тоа прашање е Белград, а не Цариград“.

Медиумот нагласува дека се дознава од црковни извори дека тоа прашање било во план да биде затворено и дека за такво „мирно решавање“ на спорот стар 55 години имало најави уште на 6 мај, три дена пред да дојде одлуката од Цариград од која во СПЦ биле изненадени бидејќи работеле на тоа прашање и се разговарало на највисоко ниво меѓу двете цркви.

Владиката Фотије за разговорите со МПЦ тогаш изјави:

„Тоа беше дијалог на љубов, вера и надеж. Се надеваме дека, ако даде Бог, дека тоа би можело да се случи, МПЦ, односно Охридската архиепископија, на мајскиот Сабор во Белград да се врати во канонско единство со СПЦ, а со тоа и во единство со сите помесни православни цркви. Toа е голем подвиг што стои пред нас. И, ако даде Бог, со молитвните на Светиот владика Николај Охридски и Жички, со молитвите на Светите Кирил и Методиј и Наум и другите наши светители, да се воспостави тоа единство, да се исцелува расколот што постоеше од 1967 година. Сега сме на прагот тоа да се реши.

Блиц повикувајќи се на свои извори не ја исклучува можноста поради последниот потез на Фанарот, некои српски владици „бурно да реагираат“.

П.Џ.

 

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе