По повод посетата на папата

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан: Ватикан подава рака кон нашиот народ и држава (ВИДЕО)

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан оцени дека денешната посета на папата Франциско претставува признание и почит кон државата и граѓаните.

„Доаѓањето на неговата светост, пред сѐ, го сметам како признание на Владата на Ватикан и на светата столица ватиканска, признание пред сѐ на Република Македонија и подавање рака во овие времиња на искушение кон Република Македонија, кон македонскиот народ и кон граѓаните на Македонија. И нашата и сета црква ја држи самиот Бог. И ние свештенството и верниот народ можеме да бидеме уште подобри затоа што тоа и се очекува од нас во овие времиња што ги живееме. Искрено се трудиме да направиме што можеме повеќе за угледот и достоинството во овие времиња кога очекуваме и признавање од Цариградската патријаршија односно вселенскиот патријарх и секако прифаќање од останатите православни цркви“, изјави  архиепископот Стефан за ТВ Тера по вчерашното преосветување на црковниот храм „Свети Спас“ во пелагониското село Добрушево.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе