Поглаварот на ИВЗ е разрешен, ама никој не кажува зошто, за Бузаку ова е сценарио диригирано од Реџепи

Вчера на седница на Ријасетот на Исламската верска заедница во Гостивар беше разрешен поглаварот Сулејман Реџепи. Повеќе од две третини од членовите на Ријасетот гласаа за разрешувањето според членовите 36 и 58 од Уствот на ИВЗ. Но, нема никаква информација за причините за неговото разрешување.

Според член 58 од Уставот на ИВЗ поглаварот може да биде разрешен ако е неуспешен во својата работа, поради здравствени причини, за непочитување на одлуките на Ријасетот, ако има пресуда за затворска казна, ако ја злоупотребил позицијата, ако неговата работа се коси со исламските принципи и норми...

Но, во решението за разрешувањето на Реџепи не пишува точно зошто е тој разрешен.

Скендер Бузаку кој по една судска постапка пред извесно време се прогласи за поглавар на ИВЗ вели дека денешното разрешување е сценарио на Сулејман Реџепи.

„Денеска најлогично ќе беше да даде отчет секој член на Ријасетот и оставка како последица на колапсот во оваа институција. Лицата кои ја уништија никако не можат да ја оздрават ИВЗ. Од правен аспект сѐ уште постои судски процес и доколку нема епилог не може да се прави таков исчекор, иако се гледа дека сѐ ова е диригирано од Сулејман Реџепи“, вели Бузаку за ТВ 21.

Разрешувањето на Реџепи дојде неколку дена по објавувањето на информацијата дека тој по вторпат се оженил, овојпат за 24 годишната Емине Јетиши, која е 50 години помлада од него.

Меѓутоа од Движењето на муслиманите за реформи во ИВЗ велат дека тоа што Реџепи се оженил со 50 години помлада жена од него не се коси со Исламот и дека за нив многу поголем проблем се неговите криминални зделки и злоупотреби за време на неговиот мандат.

На местото на Реџепи со ИВЗ ќе раководи претседателот на муфтиството во Гостивар, Шаќир Фетаху до исполнување на условите за одржување нови избори во ИВЗ.

А.Д.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе