Поглаварите на СПЦ и на МПЦ на заедничка служба на 19 мај

Српскиот патријарх Порфириј и архиепископот македонски г.г. Стефан задутре ќе служат литургија за помирување во храмот Свети Сава во Белград, објави Taнјуг, повикувајќи се на извори од Патријаршијата. Литургијата ќе започне во 9 часот, а ќе сослужуваат сите архиереји на двете цркви.

Патријархот Порфириј ги повика верниците во што поголем број да присуствуваат на архиерејската литургија.

Соборот на СПЦ вчера соопшти дека прифаќа статус на најширока можна автономија за Македонската православна црква, односно целосна внатрешна самостојност која ѝ е доделена уште во 1959 година.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе