Дебата во ЗНМ

Подобрено известувањето на медиумите за изборите, помалку напади врз новинари

„Известување на медиумите во изборна кампања, искуства и предизвици“ беше темата на која се дебатираше денеска во Клубот на новинарите. 

Директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски, оцени дека за локалните избори медиумите известуваат далеку порамномерно и попрофесионално во споредба со претходните два изборни циклуси, каде што беше забележано нерамномерно известување и воочлива координација во известувањето.

„Годинава за првпат судот во Скопје постапи во законски рок по пријавата на АВМУ и донесе пресуда  само 48 часа по поднесувањето“, рече Трајчевски и додаде дека судот сè уште не ги решил предметите на АВМУ поднесени пред две години.

Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, пак, изјави дека наместо да се информираат, луѓето се контаминираат со омраза преку медиумите и постојат сериозни забелешки за однесувањето на судовите. Тој го наведе случајот каде што судот ефикасно казни македонски граѓанин за навреда на претседателот на Турција, но не го санкционира говорот на омраза искажан во провладините медиуми во минатoто.

Според претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, постои тренд на намалување на напади врз новинарите. За разлика од декемвриските избори, кога беа регистрирани два физички напади на новинари, на оваа изборна кампања нема ниту еден физички напад, туку само вербални закани.

„Полицијата почна сериозно да ги истражува нападите, но загрижува фактот дека од 54 напади ниту еден напаѓач не е казнет од судовите. Тоа покажува јасна политика на неказнивост. Само 10 случаи се целосно истражени и поднесени се пет кривични и уште толку прекршочни пријави. Со политиката на неказнивост не можеме да очекуваме подобрување на слобода на говорот“, изјави Селмани и се заложи за изградба на ефикасен институционален механизам за превенција на насилство против новинари, во кој ќе учествуваат полицијата, обвинителството и судот.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе