Хелсиншки комитет за притворот на новинарот Кежаровски

Подготвени сме да почнеме жалбена постапка пред Европскиот суд за човекови права

Хелсиншкиот комитет го повикува Апелациониот суд во Скопје сериозно да ги разгледа жалбените наводи против последното решение на Кривичниот совет со кое на 24 јули повторно му беше продолжен притворот на новинарот Томислав Кежаровски.

Решенијата на Кривичниот совет за притвор на новинарот Томислав Кежаровски се спротивни на Европската конвенција за човекови права и на практиката на Европскиот суд за човекови права. Тоа го утврдил Хелсиншкиот комитет за човекови права постапувајќи по барањето за бесплатна правна помош од сопругата на новинарот, Марина Кежаровска.

Хелсиншкиот комитет најавува дека во недостиг од соодветна реакција од страна на македонските судови, е подготвен да започне жалбена постапка пред Европскиот суд за човекови права. 

„Сторени се суштествени и процесни повреди во врска со процената и аргументацијата за неопходноста од продолжување на притворот од страна на Основниот суд и непостапувањето по жалба од страна на Апелациониот суд во Скопје. Образложението за причините за колективното продолжување на притворот во решението од 26 јуни на Кривичниот совет содржи само една страница. Се наведува дека постои опасност од бегство поради видот и висината на предвидената санкција, како и околноста дека г. Кежаровски не поседува недвижен имот. Втората причина се однесува на можноста обвинетиот преку сведоците и прикривање на докази да влијае на истражната постапка, додека како трета причина се наведува опасноста од евентуално сторување на ново кривично дело“, се вели во известувањето од Хелсиншкиот комитет.

Според комитетот, воспоставената практика на Европскиот суд претпоставува при одлучувањето за продолжување на мерката притвор, судиите да мораат да ги наведат причините за нивната одлука, односно детално да прецизираат зошто сметаат дека лицето ќе побегне. 

„Во случајот на Томислав Кежаровски постои состојба на донесување одлуки на идентичен начин, преку стереотипна формулација на речениците и без објаснување за причините поради кои постои опасност од бегство што претставува повреда на Конвенцијата Судиите мораат во детали да ја опишат поединечната ситуација во која се наоѓа притвореното лице, а практиката за издавање на колективни решенија која води кон континуиран притвор за група на лица без поединечна процена на основите е прогласена за недопуштена од страна на Европскиот суд“, вели Хелсиншкиот комитет.

Што се однесува до третата причина на Кривичниот совет – опасноста од сторување на ново кривично дело, неопходно е да се потенцира дека според Законот за кривичната постапка потребно е да постојат особени околности што би го оправдале стравот дека г. Кежаровски тоа би го сторил. Кривичниот совет не наведува ниту еден факт во поткрепа на својот став дека е можно сторување на ново кривично дело, смета комитетот.

Освен спорните решенија на Основниот суд Скопје 1, се вели во информацијата згрижува и постапувањето на Апелациониот суд во Скопје кој и по истекот на еден месец не се впушти во оценување на жалбените наводи изјавени против решението на Кривичниот совет од 26 јуни. Во конкретниот случај се работи за решение за продолжување на притворот за 30 дена. Според тоа, доколку решението е обжалено, жалбата мора да биде разгледана и по неа да биде одлучено пред Кривичниот совет да донесе ново решение за продолжување на притворот. Со намерното или ненамерното непостапување, Апелациониот суд ја повредил ефективноста на жалбената постапка и со тоа сторил повреда на Европската конвенција за човекови права. 

Со тоа, на странките во т.н. случај „Ликвидација“ им се отвора можноста за поднесување на жалба против Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, препорачува Хелсиншкиот комитет.

Поради тоа, Хелсиншкиот комитет го повикува Апелациониот суд во Скопје сериозно да ги разгледа жалбените наводи против последното решение на Кривичниот совет со кое на 24 јули повторно му беше продолжен притворот на новинарот Томислав Кежаровски. Притоа, Хелсиншкиот комитет потсетува дека по завршувањето на истражната постапка, на судот освен притворот, кој претставува најекстремна мерка, на располагање му стојат алтернативни мерки како што се куќен притвор, гаранција (која е веќе понудена од страна на семејството на г. Кежаровски), одземање на патната исправа итн.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе