Подготвена студија за нов закон за потекло на имотот на функционерите

Пред вицепремиерот Љупчо Николовски денеска странски и домашни експерти, во присуство и на претставници на Советот на Европа,  ја презентирале физибилити студијата за подготовка на Предлог Закон за потекло на имот која содржи компаративна анализа на меѓународни искуства за проверка на потеклото на имот и капитал, анализа на домашната правна рамка и на досегашни искуства, како и на детектирани слабости во институционалниот систем.

„На наша иницијатива, а со експертска и техничка помош од Советот на Европа, е подготвена физибилити студијата, којашто е првиот чекор за подготвка на овој закон за потекло на имотот, што е од исклучителна важност за сузбивање на корупцијата и криминалот. Очекуваме да се надминат системските пречки за проверка на имотот на актуелните функционери и на оние на коишто им истекол мандатот. Со Законот ќе се воведе контрола на капиталот, со што се отвара патот за конфискација на нелегално стекнатиот имот и се спречува незаконско богатење врз грбот на граѓаните“, рече вицепремиерот Николовски.

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе