ПОДЕМ ги повикува СДСМ и ДУИ да застанат на страната на народот

ПОДЕМ ги повикува владејачките СДСМ и ДУИ да не ги прекршуваат демократските начела и вредности со тоа што настојуваат да го протуркаат Изборниот законик на мала врата.

„Не го злоупотребувајте европското знаменце за да правите работи кои се суштествена спротивност од европскиот дух. Европа е одлика на демократијата, а овој процес кој вие го водите најмалку од се е демократски. Како е можно за толку важно прашање како што е изборниот законик да се одлучува без широка консултација. Така беше протуркан и целиот преговарачки процес со Грција, тајно, зад затворени врати, наместо чесно и отворено да се каже што се планира. Но, затоа сега никој не е задоволен од договореното, оти сами ги кроевте плановите како што одговараат на вашите лични интереси, а не на интересот на македонскиот народ", се вели во реакцијата на ПОДЕМ.

Затоа сега ни серија лидерски средби не даваат плод. Оти такви средби требаше да има во текот на преговорите со Грција. ПОДЕМ повеќе пати повика на лидерска средба.

„Ако го истуркате изборниот законик исто како што ги теравте преговорите со Грција и сега резултатот ќе биде таков. Никој нема да се согласи со она за што претходно не бил консултиран. Не му ја кројте капата на македонскиот народ како што ви одговара, оти тој после ќе ви ја скрои вас капата така како што вас нема да ви одговара. Фокусирајте се на економијата, а не на секојдневни предавства. На македонскиот народ му треба економски просперитет. Ако го промените името и ги отворите вратите на ЕУ вака како што сега стои македонската економија, која од ден во ден стрмоглаво пропаѓа надолу, младите уште повеќе ќе заминат од својата земја", додаваат од ПОДЕМ.

 

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе