Протести против притворот на новинар

Поддршка за Кежаровски: Мртва е слободата на изразувањето! (ФОТО)

Едноминутно молчење пред Кривичниот суд во Скопје како почит на мртвата слобода на изразување. Транспаренти „Колку пари чини животот на Кежо", „Глад за слобода", „Кој е следниот за ликвидација?"... Свирежи против одлуката да се продолжи притворот за новинарот Томислав Кежаровски. Ова е протестот на новинарите пред Кривичниот суд.

 

Новинарите бараат на Кежаровски да му се укине притворот, кој му беше продолжен третпат, за уште 30 дена.Томислав Кежаровски од понеделникот е во штрајк со глад поради судската одлука. Освен колегите-новинари, на продолжувањето на притворот за Кежаровски реагира и ОБСЕ.

Слобода во изразувањето и независност во судството беа побарани денеска на протестот на новинарите.

„Слободата на изразувањето е мртва, исто како колегите што работат во контролираните медиуми“, рече Тамара Чаусидис, претседател на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници и побара со едноминутно молчење да ѝ се оддаде почит на новинарската слобода.

Чаусидис ги повика новинарите да почнат со именување на сите извршители на наредбите од политичката власт.

„Идеологиите се менуваат, но она што ги држи живи се оние што се потпишуваат, оние што не се спротивставуваат, имаме такви и во наши редови, и време е да почнеме да ги кажуваме и да ги именуваме. Ниедна наредба немаше да биде спроведена ако не беше потпишана од надлежните судијки“, рече Чаусидис.

Според главниот и одговорен уредник на Нова Македонија, Зоран Димитровски, 20 години се обидуваме да создадеме независни судски институции и полиција, но сега може да се каже - политичките институции треба да се вмешаат во независноста на судството, и да реагираат заради заштита на слободата и човековите права.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе