Влада

Поддршка на инвестициите од дијаспората

Владата попладнево, на својата 58 седница го усвои предлог-законот за финансиска поддршка на инвестициите, каде покрај странските и домашните инвеститори, свое место во законот добија и инвестициите од дијаспората, како инвестиции од значаен интерес за Република Македонија. Овој закон ја воспоставува правната рамка за реализација на мерките на Владата на Република Македонија од програмата за економски раст.

„Согласно овој закон, за почетни инвестициски вложувања на деловни субјекти основани од државјани на Република Македонија, коишто имаат живеалиште или привремен престој надвор од Република Македонија и доколку инвестицијата се однесува на: инвестициски проекти од значаен економски интерес за Македонија, пораст на капитални инвестиции, откуп на материјални средства од деловни субјекти со потешкотии, или во делот на зголемување на конкуретноста на пазарот, финансиската поддршка се зголемува за дополнителни 10 отсто“, соопштија од кабинетот на министерот за дијаспора.

Ова, според соопштението, е односот кој дијаспората го заслужува од матичната земја.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе