Пензионираниот професор апелира да се најде компромис за цената

Под итно да се најде решение за парното додека не почнале пожари од греење со греалки, што е злосторство, вели Цицонков

Под итно да се преземат мерки за опстојување на топлификационите системи и барем во периодот од овие три месеци да се најде решение за цената на парното, вели во изјава за МКД.мк професорот во пензија д-р Ристо Цицонков од Машински факултет во Скопје. Тој појаснува дека ако не се најде решение многу од корисниците ќе се исклучат од системите и ќе се одлучат да користат греалки кои се поевтини, но за кои електричните мрежи во зградите немаат капацитет. За професорот користењето на греалки е злосторство и опасност од пожари. 

„Иако проблематиката со греење на просториите е комплексна ва нашиве услови, како краток заклучок и воедно апел до надлежните органи и јавноста би бил: задржете го сегашниот топлификационен систем. Треба да се најде компромисно решение меѓу сите страни околу финансирањето поради моменталнат висока цена на природниот гас. Во спротивно многу корисници ќе се откажат / исклучат од тие системи. Ако го направат тоа, каков избор имаат во сегашнава постоечка ситуација? Тоа е греење со 1) дрва и 2) електрична енергија. Првата опција е речиси неизводлива бидејќи најголемиот дел од становите немаат оџаци, а немаат и услови за складирање на дрвата. Загадувањето со ПМ10 честички е уште еден неповолен факт. Втората опција, загревање со електрична енергија, може да се оствари на два начина: со електрични греалки, панелки или термоакомулациони печки и со топлински пумпи, клима уреди). Ако корисниците на топлификациониот систем ("парно") ја одберат опцијата со електрични греалки (најефтина како инвестиција), ќе се направи огромна грешка", вели д-р Цицонков.

Појаснува дека електричната мрежа во зградите и во дел од градската мрежа не е димензионирана за толку големо оптоварување и можни се прегревања на електричните кабли топење, дури и пожари.

„Такво искуство имавме во зграда во Аеродром, пред 10 години, тогаш исто така имаше проблеми со греењето и се прејде со греење на греалки. Секоја електрична мрежа си има своја поддршка, а опасно е граѓаните да се греат на струја. Електричната енергија е од термоелектрани на јаглен. Користење на електрична енергија со греалки е злосторство,а најдобро е клима уред , но чини повеќе пари од греалка, па не секој може да си дозволи. Онаму каде има топлификациони системи треба да се најде решение тие да опстанат, да не дојде да се откажуваат од тоа. Треба да се најде компромисно решение околу цената, БЕК е ставен пред свршен чин. Треба Регулаторна комисија за енергетика, БЕГ и Владата да најдат решение со минимална заработка да работи БЕГ, инаку ништо нема да направиме. Град Скопје нема добиено лиценца од и лиценцата ја има само БЕГ, а неа ја дава државата. За оваа година е веќе доцна за Град Скопје да може да добие лиценца и да помогне. Но, мора да се најде решение барем за овие три месеци, па за понатаму има опции", вели д-р Цицонков.

Примената на клима уреди за греење е поприфатлива опција бидејќи тие трошат околу четити пати помалку електрична енергија, но се поскапи од ел. греалки. Меѓутоа, ако бројот на корисници што би вградиле клима уреди за греење е многу голем, можно е постоечката ел. мрежа во зградите да не го издржи тоа оптпварување.

Граѓаните на повеќе скопски населби се жалат дека изминатите денови немаат парно или ако имаат тоа е сосема млако. Реакции од граѓаните има од Центар, Аеродром, Карпош, Бутел, Капиштец, Скопје Север, Топаанско Поле...

По нивните реакции се огласи Регулаторната комисија енергетика (РКЕ) и ги повика граѓаните да поднесат приговори.

Според РКЕ, снабдувачот е должен и да ја прилагоди температурата доколку има поплаки од Управител односно од Заедница на сопственици и барање за повисока температура од минимум пропишаната, а потрошувачите кои не добиле соодветна услуга од снабдувачот со топлинска енергија може да поднесат приговор до РКЕ. –„Снабдувачот има обврска во текот на грејната сезона да обезбеди минимална температура од 20+1 Целзиусов степен во грејните простории во времето од 6 до 22 часот во текот на денот. Дополнително, согласно член 10 од Правилата за снабдување со топлинска енергија, Управителот односно Заедницата на сопственици, поднесува писмено барање до снабдувачот за промена на режимот и нивото на испорака на топлинска енергија на мерното место. Снабдувачот е должен да постапи по барањето за температурниот режим на објектот што е доставено од Управителот односно Заедницата на сопственици", соопшти РКЕ.

По поплаките до снабдувачите, како што велат од Комисијата, екипи од снабдувачот мора да излезат на терен и да ја проверат фактичката состојба.

„Потрошувачите не постојат за да ги финасираат снабдувачите, туку за да платат услуга која треба да им биде обезбедена", вели Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Комисијата додава и дека минатата година побарала да се направат измени во Законот за енергетика со кои ќе се зголемат ингеренциите и ќе се прецизираат надлежностите во однос на изрекување повисоки казни кон операторите на дистрибутивните системи доколку поради нивна неажурност и лоша организација ги оставиле потрошувачите без греење во време на грејна сезона.

Граѓани на Скопје, пред сè од Скопје Север и Топанско Поле во изминатите денови реагираат зашто се оставени без парно или греењето им е многу слабо.

По нивните реакции вчера се огласи и Владата која ги повикува надлежните компании, градските и општинските власти итно да постапуваат по своите надлежности и да обезбедат топлинска енергија во домовите на граѓаните на Град Скопје. Владата ги помага и граѓаните, и општините, и Градот Скопје, но, како што наведуваат, кога се во прашање финансиски обврски кон давателите на јавни услуги, први повикани се надлежните локални власти.

Од Владата информираа дека во текот на следната недела ќе се разгледуваат можности за дополнителна помош, но едностран раскин на договорните обврски и прекин на греењето на штета на граѓаните и домаќинствата во зимски услови не може да биде ниту оправдано ниту прифатливо.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, цената парното греење во Скопје од овој месец е зголемена за 14 отсто. 

Министерот за економија Крешник Бектеши, вели дека не само што треба да најдат начин за снабдување, туку БЕГ има и обврска за тоа согласно Законот за енергетика. Носителите на лиценците не може да престанат да ја исполнуваат обврската за испорачување на јавна услуга. 

Тој додаде дека доколку тие прекинат да снабдуваат топлинска енергија, без претходно информирање на Регулаторната комисија за енергетика дека имаат проблем, РКЕ има право и да им ја одземе лиценцата.

К.Д.

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе

Платформата е формирана на 9 мај 2018 година во рамките на проектот на УСАИД, во која се вклучени 4 комори за да се зајакне јавно-приватниот дијалог во процесот на подготовка на донесување закони и други прописи поврзани со работењето на бизнисот.

повеќе