Почнуваат преговори за влада, прва средба Заев-Ахмети

Мандатарот и претседател на СДСМ Зоран Заев, денеска, но и во текот на викендот, според најавите, ќе има интензивни средби со идните коалициски партнери ДУИ и Алијанса за Албанците за да се дефинираат контурите на новата влада и поделбата на ресорите. 

Заев ќе има средби и со претставници од Движењето Беса како потенцијален владин партнер, чие што учество во владата е најнеизвесно.

Во моментов политичките партии за кои се очекува да бидат дел од владината коалиција не ги откриваат првичните позиции со кои ќе влезат во меѓупартиските преговори и сѐ што досега се споменува велат дека е во доменот на шпекулации.

Заев најави дека сака брзо да биде формирана влада, дури и за помалку од десет дена од доделувањето на мандатот. Законскиот рок за поднесување предлог до Собранието за составот и програмата на владата е 20 дена од доделувањето на мандатот и истекува на 6 јуни, но целта на парламентарното мнозинство е договорот да биде постигнат многу порано.

Според неофицијалните информации, коалициските партнери и претходно зборувале за распределба на ресорите, но и за тоа кандидатите за министерски места да не се лица опфатени во истрагите на СЈО. Овој став го застапува Движењето Беса од каде што неколку пати рекоа дека не сакаат да бидат во ист владин кабинет со лица кои се под истрага на СЈО.

 

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе

Во Франција, пред, по и за време на Втората светска војна, пушењето, особено француски марки цигари, било чин на патриотизам. 

повеќе

Не постојат „повисоки интереси" од типот на членството во Европската Унија или НАТО алијансата за кои вреди да се прават потценувачки компромиси.

повеќе