Кривичен суд

Почнува судењето за 32 обвинети за случувањата во Собранието на 27 април

Во Кривичниот суд во Скопје денеска почнува судењето за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година. Предметот ќе го води судијката од организиран криминал Добрила Кацарска.

Јавното обвинителство на Република Македонија, во март годинава објави дека е поднесен обвинителен акт против 32 лица, од кои 28 за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од чл.313 од Кривичниот законик, а две лица за помагање при вршење на истото кривично дело. Според ЈОРМ, со обвинителниот акт се опфатени три лица, припадници на структурите на Министерството за внатрешни работи, кои како овластени службени лица биле носители на „златна“ и „сребрена“ команда, како и лица кои биле учесници во друга група, како организатори на движењето „За заедничка Македонија“.

На обвинителна клупа за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, треба да се појават ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, како и петте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ: Крсто Мукоски, Љубен Аранудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски и Љупчо Димовски. Вкупно обвинети за крвавиот четврток во Собранието се 30 лица.

Обвинети, меѓу другите, се и Горан Ѓошевски, личното обезбедување на тогашниот претседавач на Собранието, Трајко Вељановски, разрешениот ексначалник во МВР, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, вработен во Агенцијата за разузнавање, собранискиот обезбедувач Абдулфета Аљими, претседателот на патриотското здружение „Пере Тошев“ од Прилеп, началникот во МВР, Душко Лазаров, Митко Пешов, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Александар Василевски-Нинџа…

Обвинети се и иницијаторите на движењето За заедничка Македонија - Богдан Илиевски, Игор Дурловски, Борис Дамовски и Владо Јовановски.

Ќе им се суди и на двајцата вработени во УБК, Оливер Радулов и Саши Марковски, кои ги одзеле хардисковите со безбедносните видеоснимки од Собранието.

Основниот суд Скопје 1, на 28 јуни годинава, информираше дека првата главна расправа по предметот, поврзан со настаните од 27 април 2017 година во Собранието, е закажана за 22 август годинава во 10 часот, а за следниот период се закажани вкупно 37 термини за главна расправа, за што веќе се изготвуваат наредби за спровод за обвинетите кои се наоѓаат во куќен притвор како и покани за останатите странки во предметот. До крајот на месецов закажани се пет рочишта, 6 во септември, 10 во октомври и 17 во ноември.

Обвинителот Дарко Јакимовски, кој го застапуваше обвинението за обидот за убиство на Зијадин Села, најави дека е можно проширување на истрагата и против други лица обезбедени нови докази за случувањата во Собранието.

Судијката Славица Андреевска на 5 јули годинава ги изрече пресудите за седуммината обвинети за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села во Собранието на 27 април минатата година. Кире Ѓорѓиевски доби затворска казна од 13 години, Андреј Мицов 10 години и шест месеци, Оливер Ошавковски 10 години и шест месеци, Николче Димитриевски 10 години и шест месеци, Александар Јаневски – Тошта 13 години, Никола Војминовски 13 години и шест месеци и Коста Делев 10 години и шест месеци.

Претходно, судот ги осуди Стојан Павлевски на три години и Цејо Георгиевски на една година и два месеци затвор, додека ЈО го повлече обвинението против Сашо Сенков.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе