Почната е постапка за отповикување на почесниот конзул на Унгарија, Сашо Јанакиевски

„Во текот на вчерашниот ден Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија со нота добиена од Амбасадата на Унгарија во Скопје е известено дека министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто го отповикува од мандат Сашо Јанакиевски, почесен конзул на Унгарија во Битола“, информира МНР.

 Дел од домашните медиуми објавија дека Јанакиевски е сопственик на компанијата „Еко клуб“ од Битола. Според градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, оваа фирма несоодветно го третира медицинскиот отпад кој завршувал на депонијата Дрисла.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе