Пет години по кумановските настани

Почнаа да излегуваат снимки поврзани со Диво Насеље, Ризај се заканува со објавување нови фотографии (ВИДЕО)

Вчерашниот разговор од ќелијата од Идризово на Мухамет Красниќи или командант Малишева емитуван на албанската телевизија Топ ченел, го предизвика еден од учесниците во кумановските настани на 9 мај 2015 Рамиз Рецај да објави снимка од случувањата во полициската станица Гошинце десетина дена пред пукањата во Диво Насеље. Тој најавува нови фотографии и снимки од настаните, очигледно незадоволен од тврдењата на Малишева за улогата во настаните на неговиот брат Бег Резај (кој загина во Диво Насеље) и Мирсад Ндрецај.

На 21 април 2015 година, како увод во она што се случи на 9 мај истата година, терористичка група од Косово, т.н. Кумановска група илегално влезена на македонска територија и ја опљачка полициската станица во близина на македонско-косовската граница во селото Гошинце, која случајно или не, беше преполна со оружје. Тогаш беа заробени четворица македонски полицајци. Како реакција на вчерашната изјава за Топ ченал на Малишева, Резај на својот фејсбук-профил ја објавува оваа снимка од случувањата во караулата Гошинце и најавува нови детали и фотографии.

Рамиз Ризај и Малишева

За ова и за можните посериозни случувања на територијата на Македонија македонските власти биле предупредувани преку поединечни полициски и разузнавачки извештаи за движења на вооружени групи во кумановскиот регион, но очигледно е дека тогаш никој ништоне преземал. Политичката проценка била дека можеби некакви судири на меѓуетничка основа во тој момент би можеле добро да дојдат. Тоа беше годината кога Зоран Заев почна да ги објавува „бомбите“ за коруптивните активности на тогашната владеачка гарнитура. Тогаш премиер на Македонија беше Никола Груевски, министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, а директор на државната управа за безбедност Сашо Мијалков.

На 4 април 2015 година генералот Стојанче Ангелов изјавува дека некој платил два милиони евра на етнички албански криминалци за да ја имитираат сега расформираната бунтовничка група и да предизвикаат меѓуетнички конфликт во кумановскиот регион.

Резај ја објави оваа видео снимка на својот фејсбук-профил и напиша дека групата од Косово била до заби вооружена од преполнетиот и небранет склад со оружје во малата полициска станица Гошинце и тргнала кон Куманово да направи мала нарачана војна.  

Обвинетите во случајот „Диво Насеље“ за време на судските рочишта постојано тврдеа дека пресудата е сценарио на Груевски и Ахмети. Нивното барање на судските рочишта како сведоци да се појават и Груевски и Ахмети и Мијалков не беше прифатено.

Неколку дена по настаните во Куманово, тогашниот лидер на опозициската СДСМ Зоран Заев изјави дека постојат силни индикации дека овој случај е сценарио планирано од носителите на власта.

Во ноември 2017 година Кривичниот суд во Скопје осуди 33 лица на вкупно 745 години затвор под обвинение тероризам. Седуммина добија доживотен затвор, а дригите добија затворски казни од 12 до 40 години. Четири лица беа ослободени.

На 9 мај 2015 година загинаа осум припадници на полициските единици и 37 беа повредени. Од терористичката група загинаа 14 лица.   

Косовската влада на 29 семејства на загинатите и осудените за настаните во Диво Насеље им исплати по 10.000 евра.

Истрагата за овој случај не даде одговор на прашањето кој им наредил на вооружените лица од Косово да дојдат во Куманово? Кој во Македонија им дал логистика за еден ваков терористички напад?

А.Д.

 

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе