Во Владата

Почна средбата Заев – Мицкоски, теми на разговорот СЈО, реформите, предвремени избори...

Во Владата вечерва почна средбата на премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Претходно беше најавено дека на оваа лидерска средба ќе се разговара за претстојните претседателски избори, за реформските закони, за новиот закон за СЈО, за барањето на опозицијата за предвремени парламентарни избори...

„Мене ми е значајно да разговараме за престојните претседателски избори, за евроинтеграцискиот процес на нашата земја заради тоа што дури и НАТО не е завршено сѐ уште“, изјави вчера Заев.

Покрај претседателските избори и реформските закони, Мицкоски бара да се разговара и за евентуално новиот шеф на СЈО, за нов процес на лустрација, за предвремени парламентарни избори...

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе