По лидерската средба

Почна средбата на Заев со лидерите на коалициските партии

Во седиштето на СДСМ во тек е средба на партискиот лидер Зоран Заев со првите луѓе на помалите партии коалициски партнери на СДСМ.

Се очекува на средбата Заев да ги информира лидерите на партиите членки на коалицијата на СДСМ за резултатите од лидерската средба што попладнево се одржа на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски.

На лидерската средба во вилата „Водно“ беше договорно предвремените парламентарни избори да се одржат на 12 април 2020 година и беше искажан јасен државен консензус дека лидерите на релевантните партии стојат зад идејата Република Северна Македонија што е можно поскоро да ги почне преговорите за членство во ЕУ и што е можно поскоро да ги заврши преговорите и да стане полноправна членка на Унијата.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе