Почна расправатa за одземање на имунитетот на Вељаноски

Во Собранието почна продолжението на расправата за одземање на имунитетот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен собраниски спикер Трајко Вељаноски, во рамки на 12. седница на собраниската Комисија за деловнички и мандатно имунитетни прашања.

Расправата за барањето за одземање на имунитетот на Вељаноски,  поднесено од Одделението за организиран криминал и корупција при скопскиот Кривичен суд поради сомнение за негова вмешаност во настаните од 27 април, започна вчера.

Во текот на вчерашната дискусија пратениците од власта и опозицијата се препукуваа за тоа дали е оправдано да се донесе одлука на поранешниот претседател на Собранието да му се одземе имунитетот.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ посочи дека ова е политички прогон и обид на слаабење на нејзината пратеничка група, додека претседателот на Комисијата Павле Богоевски нагласи дека работа на судот, а не на собраниската Комисија е да цени дали е оправдана или не мерката притвор за одреден случај.

Според Деловникот, Комисијата е должна да го разгледа барањето на судот и во рок од два дена да го достави до претседателот на Парламентот. По добиениот извештај од Комисијата, Собранието најдоцна во рок од три дена треба да одлучува на пленарна седница. Одлуката за одземање на имунитетот се носи со просто мнозинство од вкупниот број пратеници.

Актуелниот пратенички состав досега по барање на судот донесе одлуки за одземање на имунитетот на пратениците Никола Груевски, Љупчо Димовски, Крсто Муковски, Јохан Трачуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски.

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе