Пред Министерството за правда

Почна протестот на ВМРО-ДПМНЕ против поскапувањето на струјата

„Скапа струја, сиромашен народ“ пишува на паролата која високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ ја носат и ја водат поворката од пред Министерството за правда до Регулаторната комисија за енергетија. „Мафија на робија“, „оставка, оставка“... извикуваат учесниците на протестот.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред два дена ги повика граѓаните на протест против поскапувањето на струјата.

„Скришум, во текот на периодот на одморите ја покачија цената на струјата и тоа создавајки екстра профит за универзалниот снабдувач на електрична енергија, но бонбона бизнис. Сметките со поскапа струја нѐ оштетуваат сите – Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци... Сите сме во иста група на граѓани која што гледа една те иста мака, а тоа е сиромаштијата. Владата си ги полни џебовите додека ги празни тие на народот“, рече Мицкоски.

Ова прв во серијата протести кои ќе ги организира ВМРО-ДПМНЕ.

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе