Попис 2021

Почна пописот на иселениците, бројни сомневања за манипулации

Првата фаза од Пописот на населението, домаќинствата и становите почнa вчера со попишување на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на Армијата во странство, затворениците и бездомниците. Веќе првиот ден бројни се забелешките на иселениците на веб-апликацијата за попишување.

Ставовите на власта и опозицијата остануваат непроменети – едните тврдат дека државата го организира пописот по сите меѓународни стандарди, дека е неопходен за земјата и е во интерес на сите граѓани, а другите оти тој не е по статистичките стандарди, заради што, како што велат, постои можност за злоупотреба. Дополнителен проблем за опозицијата е што тој треба да се спроведе во услови на пандемија.

Засега проценката на надлежните институции е подготовките и почетокот на попиот се одвива во најдобар ред по правилата и протоколите пропишани од надлежните институции. Од вчера во наредните две недели, ќе бидат попишани 2.200 осудени и притворени лица во казнено поправни и воспитно поправни установи на територија на Македонија.

Попишувањето преку веб-апликацијата на иселениците во странство вчера почна со бројни проблеми и нејаснотии. Македонските државјани кои живеат во странство се жалат и на слаба информираност.

Бројни се информациите на социјалните мрежи на Македонците кои живеат во странство за проблеми со пописната апликација. Се објави и информација дека системот лесно можел да се „излаже“ и да се попишуваш и од македонска ИП адреса.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски го потврди овој проблем и додаде дека веќе е надминат.

Вицепремиерот Артан Груби на својот фејсбук-профил на албански повика на максимална свест и мобилизација. Министерот за правда Бојан Маричиќ порача дека пописот се одвива според стандардите на Евростат и апелираше сите граѓани да се приклучат.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски информира дека партијата за осум дена собрала 100.000 потписи против одржување на попис. Граѓаните одлучија, не сакаат политички попис, рече Сајковски.

Тимчо Муцунски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ смета методологијата со која ќе се попишува населението не е по највисоки стандарди, укажувајќи дека тие понудиле електронски попис со кои ќе се елиминираат сите недостатоци на Законот за попис, но и на методологијата.

-Самата методологија дозволува да се злоупотребува тој чин на попишување на резидентно населени со тоа што практично некој ако е во посед на вашата лична карта ќе може да ве попише како да сте тука, како да сте резидентно население, а вие фактички може и не сте тука, а сте го оставиле тој документ. Има една низа на недоследности на самата методологија што нас цело време не упатуваат на тоа дека се работи за операција која има за цел да реализира некои политички желби“, рече вчера Муцунски.

Демократскиот сојуз ги повика Македонците кои живеат во дијаспората, а имаат македонско државјанство, матичен број и адреса во Македонија, да ја искористат можноста која им се нуди со Законот за попис и масовно да се попишат преку онлајн апликацијата, во периодот од 1 март до 31 март оваа година. Попишувањето на Македонците кои живеат на сите континенти, велат од ДС, е од исклучителна важност за добивање вистинска слика за етничкото потекло на сите македонски државјани. Демократскиот сојуз предупредува дека отпорот против попишувањето и тивкиот бојкот кој се заговара од некои политички партии во Македонија, може да произведе неверодостојни податоци за бројот на етничките Македонци и да го доведе македонскиот народ во нерамноправна положба во сопствената држава.

На синоќешна седница на централното претседателство на Алијансата за Албанците што се одржа во Тетово, партискиот претседател Зијадин Села побара Државниот завод за статистика да ги отстрани проблемите на дијаспората кои според нивни информации не успеале да се регистрираат за пописот. Според него на првиот ден нивната партија добила поплаки дека не можат иселените лица да ја направат постапката преку интернет. „Се надевам дека е технички проблем, дека не се работи за намерен проблем алгоритам од страна на Заводот за статистика кој би имал за цел да секој петти, шестти или седми да го исфрли од пописот бидејќи на тој начин пописот нема да биде валиден“, рече Села.

МНР ќе спроведе медиумска кампања за мотивирање на лицата за самопопишување/саморегистрација, отсутни во странство: на работа во ОН и нејзините организации, претставништва или претставници на стопанските комори во странство, деловните единици во странство, воени претставници на Армијата во странство и студентите и граѓаните што се ангажирани од страна на Македонија врз основа на меѓународна, техничка и друга соработка, како и членовите на нивните семејства/ домаќинствата што престојуваат во странство со наведените лица.

Тука спаѓаат и сите лица – државјани на Македонија кои по која било основа престојуваат во странство, без оглед на должината на нивниот престој. Самопопишувањето ќе се одвива преку веб – апликација, која е лесно достапна и едноставна. Потребно е граѓаните само да се најават со својата имејл адреса. Ќе може да се пристапни само од странство, а безебедноста на личните податоци е осигурана.

Министерството за надворешни работи како одговорно за дијаспората, преку ДКП ќе биде вклучено во информирањето на иселениците и другите наши граѓани во странство за да се попишат онлјан преку веб- страницата на ДЗС. ДКП-та ќе бидат логистичка поддршка. На сајтот на МНР веќе има линк за комуникација со телефонски броеви што ќе функционира 24 часа и ќе биде достапен за граѓаните за информации и појаснувања.

Податоците за нашите државјани во странство што ќе се добијат на пописот ќе бидат можност за планирање на политиките за дијаспоарата, за услугите што им се потребни на иселениците, но и ќе можат да се видат причините зошто иселениците заминале од државата.

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе