Во вила „Водно“

Почна лидерската средба кај Пендаровски (ФОТО)

Во вила „Водно" почна лидерската средба што ја свика претседателот Стево Пендаровски откако во петокот Европскиот совет не донесе одлука за почеток на пристапните преговори.

На средбата присутни се лидерите на двете најголеми македонски партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски, а од албанските партии присутни се лидерот на ДУИ, Али Ахмети, лидерот на БЕСА, Билал Касами, претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши.

Во вила „Водно" како ненајавен пристигна и лидерот на ДПА Мендух Тачи.

По завршувањето на лидерската, за вечерва во 20 часот закажана е и средба на премиерот Заев со помалите коалициски партнери. 

Се очекува лидерите да разговараат за актуелната состојба по недонесувањето на одлука за датум за почеток на претпристапните преговори со ЕУ и за предлогот на премиерот Заев за одржување на брзо предвремени парламентарни избори.

Ваквиот предлог Заев го даде вчера во неговото обраќање пред јавноста истакнувајќи дека ЕУ направила историска грешка и оти народот е тој кој сега треба да одлучи по кој пат ќе продолжи државата да се движи.

„Народот ни даде мандат и чест да го водиме и тој сега ќе одлучи дали продолжуваме по истиот пат. Ако е така, јас барам одново чист и отворен мандат за да ги продолжиме реформите. Не сме сјајни, имавме грешки, но нема друг пат. Сѐ друго е ќор-сокак, сѐ друго е крив пат и нешто во кое се вртевме во круг 27 години“, рече Заев во обраќањето до јавноста. 

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе