Почна кампањата „Заокружи НЕ за насилство врз жени во политиката“

Денеска во Музејот на современа уметност во Скопје официјално е означен почетокот на кампањата за подигнување на јавната свест за елиминација на насилство врз жени во политиката, под слоганот „Заокружи НЕ за насилство врз жени во политиката“. Кампањата е дел од проектот WoMen Lead: Унапредување на родовата еднаквост преку политичко учество на жените, имплементиран од Националниот демократски институт (НДИ), а финансиран од Шведската агенција за меѓународна развојна поддршка (Сида).

Според квалитативното истражување спроведено од НДИ и Институт Охрид со 10 политички партии во Македонија, а финансирано од УСАИД, дури шест од 10 (65%) политичарки искусиле некаков вид на насилство, додека 5 од 10 (54%) од тие жени изјавиле дека сторители на ова насилство се припадници на нивната сопствена политичка партија. Според истото истражување, најзастапени акти на насилство врз жените во политиката се: говор на омраза, навреди и клевети и мизогинистички и сексистички закани.

Токму затоа, кампањата „Заокружи НЕ за насилство врз жени во политиката“ има за цел да креира свесност за насилството врз жените во политиката притоа поттикнувајќи солидарност со жените од јавниот живот коишто се соочуваат со вакви предизвици и градејќи политичка култура којашто го поттикнува учеството на жените на сите нивоа на општеството без страв од сексистичка, мизогинистичка или злоупотреба со предрасуди и говор на омраза, заплашување и насилство.

На првиот настан од кампањата се обратија Микаел Атерхог, раководител на одделот за развојна соработка при Амбасадата на Шведска, Јагода Шахпаска, министерка за труд и социјална политика во Владата на Македонија, и Роберт Скот Хејзлет, виш резидентен директор на НДИ.

На настанот, Роберт Скот Хејзлет, виш резидентен директор на НДИ,  нагласи дека „оваа кампања има за цел да ги информира луѓето што значи насилството врз жените и кои се неговите штетни последици; да ги охрабри луѓето да промовираат промени во социјалните и културните матрици на однесување и родово засновани стереотипи и да ги ОБЕДИНИ членовите на сите политички партии, жени во политиката и мажи сојузници да проговорат и да го осудат насилството врз жените“.

„Преку личното искуство одговорно тврдам дека секоја од нас барем еднаш во својата политичка кариера искусила некаков облик на насилство. И затоа притисокот врз жените во политиката е далеку поголем од притисокот врз мажите. Успех на маж е прифатлив, но не и на жена. Токму затоа со задоволство прифатив да бидам дел од кампањата ‘Заокружи НE за насилство врз жени во политика’, затоа што само заедно, само обединети можеме да ги менуваме работите на подобро“  истакна Јагода Шахпаска, министерка за труд и социјална политика.

„Време е да се каже НЕ за насилството врз жените. Насилството врз жените е глобална појава, но секоја земја мора да вложи заеднички напори за решавање на проблемот. Се надевам дека кампањата „Гласај НЕ за насилство врз жените во политиката“ ќе помогне да се намали насилството врз жените во политиката“, потенцираше Микаел Атерхог, раководител на одделот за развојна соработка при Амбасадата на Шведска.

Кампањата „Заокружи НЕ за насилство врз жени во политиката“ ќе трае се до крајот на Локалните избори 2021 година и ќе вклучува различни форми на информирање на граѓаните и поттикнување позитивни активности на традиционалните, но и дигиталните медиуми.

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе