Почитувањето на правата на Бугарите во Северна Македонија е предворјето за влез во ЕУ, порачува Радев

Почитувањето на правата на Бугарите во Република Северна Македонија е предворјето за нејзина интеграција во Европската Унија, порача денеска бугарскиот претседател Румен Радев.

Радев ја коментирал и темата за уништените бугарски воени гробишта во Македонија и кажал дека случајот го истражуваат бугарското Министерство за надворешни работи и Министерството за одбрана.

„Тоа допрва ќе се утврдува но се работи за систематски процес на дебугаризација и процес на уништување на бугарското културно-историско наследство во Република Северна Македонија.

Не случајно го поставив токму ова прашање на Советот во Љубљана. Ова е предворјето на вратата за интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ- правата на Бугарите, недискриминација, како и нивна целосна интеграција во културниот, економскиот, општествениот и политичкиот живот на оваа земја. Исклучително е важна нашата поддршка за нивните барања да бидат признаени во Уставот на Република Северна Македонија, и да бидат свечено прогласени од претседателот, владата и Парламентот“, додава Радев.

Бугарија, како што вели тој, категорично ќе реагира, и повеќе нема да остави ниту еден таков случај, бидејќи дебугаризацијата и дискриминацијата на луѓето со бугарски идентитет во Република Северна Македонија бил вистинскиот проблем.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе