Жална вест

Почина Јаков Лазароски, професор и претседател на претседателството на ЦК на СКМ

По кратко боледување, денеска на 85-годишна возраст, почина Јаков Лазароски, универзитетски професор и претседател на претседателството на Централниот комитет на СКМ од 1986 до 1989 година.

Д-р Јаков Лазароски е роден на 18 октомври 1936 во Октиси. Во неговата општествено-политичка кариера, во времето на социјализмот извршувал и други важни политички функции на сојузно, југословенско и републичко ниво. Дипломирал, магистрирал и докторирал на Филозофскиот факултет во Белград, Србија. Од 1972 година како предавач, а потоа како и редовен професор, предавал предмети од областа на педагошката и социјалната психологија на Филозофскиот Факултет во Скопје.

Лазароски објавил над 70 научни трудови. Автор е и на книгите „Националната приврзаност и односот спрема други народи” и „Алтруистичко и агресивно однесување“.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе