Почеток на преговори за Македонија без одлагање, бараат Блинкен и Борел

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и шефот на европската дипломатија Жосеп Борел целосно го поддржуваат процесот на проширување на Европската Унија кон Западниот Балкан со цел „зајакнување на демократските институции, заштита на темелните права и унапредување на владеењето на правото“.

„Интеграцијата на регионот во ЕУ ќе придонесе за стабилноста и просперитетот на Западниот Балкан“, се согласиле Борел и Блинкен кои се сретнаа минатата недела во Вашингтон за да разговараат за најголемите предизвици во областа на меѓународната политика за ЕУ и САД.

„Во овој контекст истакнуваме дека преговорите за членство со Албанија и Северна Македонија треба да започнат без одлагање“, стои во соопштението од средбата.

Блинкен и Борел разговарале и за ситуацијата помеѓу Косово и Србија, за кои единствено решение, според нив, е дијалогот под водство на ЕУ.

„По неодамнешните тензии на северот на Косово ги охрабруваме двете страни да се ангажираат во постојана и одржлива деескалација и да избегнуваат дела кои ја загрозуваат стабилноста“, порачуваат Борел и Блинкен.

Тие, исто така изразиле поддршка за борбата против корупцијата на косовските власти, но и дека секакво насилство кон цивили, новинари, полицајци и други власти е неприфатливо.

Што се однесува до Црна Гора, ЕУ и САД бараат сите политички сили да соработуваат за да ја задржат ориентацијата што ја бара црногорскиот народ и да продолжат со остварување на ЕУ реформите. За Босна и Херцеговина, пак, Брисел и Вашингтон ја повториле нивната цврста заложба за заштита на територијалниот интегритет на оваа земја.

„Сериозно сме загрижени за сѐ пополаризираната реторика во БиХ. Ги повикуваме сите страни да ги почитуваат и штитат државните институции, да се вратат на конструктивен дијалог и да преземат чекори за напредок на патот кон ЕУ интеграција, вклучително и во релевантните реформи. ЕУ и САД им стојат на располагање на властите во БиХ за да им помогнат во преземање на тие чекори“, порачаа Борел и Блинкен.

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе