ВМРО-ДПМНЕ

По завршните зборови во „Рекет“, Милошоски побара Обвинителството да ги вештачи телефоните на Боки 13 и на Заев

Обвинителството треба да спроведе истрага и да ги вештачи телефоните на Бојан Јовановски - Боки 13 и на поранешниот премиер Зоран Заев, изјави денеска Антонио Милошоски од ВМРО – ДПМНЕ.

Милошоски рече дека има сомневања дека Заев е соучесник и налогодавач во најголемата финансиска афера во Македонија.

За време на завршните зборови во случајот „Рекет“ првообвнетиот Бојан Јовановски рече дека неговиот телефон не бил вештачен и дека бил во комуникација со тогашниот премиер Заев.

„Ова отвора основано сомневање за соучество на Заев во „Рекет“. Дали доказите на Обвинителството прво одат на проверка кај Заев, а потоа одат во судница“, праша Милошоски.

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе