По заканите со вето од Софија, македонската влада денеска не решаваше за препораката Џамбаски да се прогласи за непожелна личност

Вчера Советот за безбедност до Владата упати предлог да се забрани влез во земјава на еден европратеник и неколку други лица од Бугарија. Денеска заседаваше Владата, но по завршувањето на седницата нема никаква информација за тоа дали воопшто владиниот кабинет расправал за предлогот на Советот за безбедност и на претседателот на државата Стево Пендаровски.

Според претседателот на Македонија Стево Пендаровски, постојат сомневања дека дел од овие лица се поврзани со руската разузнавачка служба. Бугарските медиуми, неофицијално, веќе лицитираат со списокот на Пендаровски: Красимир Каракачанов, Ангел Џамбаски, Андреј Ковачев и Милен Врабевски.

Иако Пендаровски не именуваше никого, повеќе од сигурно е дека се работи за европратеникот Ангел Џамбаски, кој на 14 јануари пред спомен плочата на македонската револуционерка Мара Бунева во Скопје не се воздржа од провокативна реторика околу историјата и односите меѓу Македонија и Бугарија. Џамбаски ги повика „владејачките елити во С. Македонија да не ја продолжуваат политиката на геноцид кон Бугарите наложена од Коминтерната“.

Денеска, очигледно препознавајќи се во изјавата на Пендаровски за непожелни личности од Бугарија, ја продолжи провокативната реторика. На својот фејсбук-профил, тој напиша: „Вратете го ветото. Антибугарска, антиевропска, болшевичка, тоталитарна терористичка власт во РСМ треба да биде објавена за ’персонана нон-грата во Европската Унија’. Македонија била и ќе биде бугарска. Република Северна Македонија е нешто друго“, напиша Џамбаски на Фејсбук.

За враќање на ветото размилсува и бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков. Тој пред два дена во Брисел на прашањето дали Бугарија повторно ќе го искористи правото на вето за преговорите на Македонија со ЕУ, одговорил: „Сѐ зависи од тоа како ќе се одвиваат работите, на прво место оваа работа никогаш не е исклучена, иако правото на вето е како атомско оружје – неговата моќ не треба да се користи, туку да стои како некаква можност да ги натера другите да отстапат, да преговараат, да се дојде до некаков општ консензус. Се надевам дека нема да го искористиме".  

Иако, како што дознаваме, на денешната владина седница се расправало за препораката на Советот за безбедност, од владините служби за информирање не соопштија ни збор за текот на расправата, ниту пак одговараат на прашањата за тоа зошто Владата денеска не одлучи ништо.

А.Д.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе