ЦУК покренува постапка за обезбедување на местото

По трагичната сообраќајка да се постави сигнализација на патниот правец Пониква-Кочани, предлага Ангелов

Центарот за управување со кризи покренува постапка за сообраќајно обезбедување во месноста „Аеродром" на регионалниот патен правец Пониква – Кочани, заради намалување на опасноста од несреќи со трагични последици. При денешната посета на Пониква, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов нагласи дека се неопходни превентивни активности за соодветно обележување, осветлување и поставување физички препреки со кои возачите навремено ќе бидат информирани за потенцијалните опасности на патот.

„Проширувањето на патот, кое требало да биде писта на воениот аеродром што бил изграден во периодот на поранешната ЈНА, денес претставува опасност за многубројните гости кои доаѓаат на Пониква. Во соработка со надлежните министерства, иницираме поставување соодветна вертикална и хоризонтална сигнализација, на коловозот каде што патот преминува во писта да се вгради опрема што звучно ќе го предупредува возачот за опасноста, а локацијата треба да се осветли, со оглед што во непосредна близина поминува довод за електрична енергија. Како дополнителна мерка што ја предлагаме е на крајот од пистата да се постави соодветен браник, со што ќе се спречи излетување на возилата. Се работи за атипичен пример, во кој свои надлежности имаат министерствата за одбрана, за транспорт и врски и за внатрешни работи“, истакна Ангелов.

Пред неколку месеци на ова место се случи трагична сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице, а две беа потешко повредени.

Подоцна, како привремено решение на крајот од пистата беше поставен насип од земја, но опасноста од несреќи сè уште не е отсранета.

Ангелов информираше дека е иницирана и постапка за формирање посебен сектор Е-112 во рамки на ЦУК што ќе ги координира активностите за брза реакција при разни несреќи и временски непогоди, а за што ќе се користи единствен телефонски број. Тоа се однесува и на подобрување на соработката меѓу противпожарните служби, што поради децентрализацијата сега е отежната.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе