Македонија-Унгарија

По средбата со Османи Сијарто рече дека Груевски се залагал за ЕУ-иднината на Македонија

Никола Груевски од Будимпешта силно се залагал земјава да стане дел од Европската Унија, рече унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, за поранешниот македонски премиер, кој избега во унгарската престолнина. Сијарто не криеше дека се среќавал со Груевски, но не откри за што зборувале.

„За некој што бил премиер во овој регион 10 години, претпоставувам дека има многу добро сознание и разбирање на регионот и јас не сум овластен да објавам никакви делови од нашите дискусии, меѓутоа можам да ви кажам дека вашиот поранешен премиер исто така многу се залага за вашето пристапување кон ЕУ“, рече Сијарто.

Бујар Османи, вицепремиерот за евроинтеграции, рече дека на средбата со Сијарто воопшто не се разговарало тој да биде испорачан за да ја отслужи двегодишната затворска казна.

„Ова е правно прашање, коешто ги засегнува институциите од тие области и тие комуницираат, меѓутоа не сме дозволиле од првиот ден ова прашање да ги оптоварува добрите политички односи помеѓу нас и Унгарија како еден од најголемите поддржувачи на Република Северна Македонија“, рече Османи.

Пред десетина дена Министерството за правда до Унгарија го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски како организатор на инцидентите на 27 април 2017 година во Собранието.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе