БЕГАЛСКА КРИЗА

По Словенија и Хрватска, и Германија ги депортира авганистанските бегалци

Германските власти потврдија дека почнаа со авион да депортираат бегалци од Авганистан во нивната татковина. Берлин реши да го запре приливот на баратели на азил во земјата. На Балканот, Словенија веќе четврти ден не прима ниту еден бегалец, Хрватска ги враќа Авганистанците во Србија, 800 од нив веќе неколку дена се заглавени во Табановце, во Македонија.

Германија освен што ги враќа Авганистанците до Кабул, им доделува и одредена парична помош. Ова е еден од начините на кои Германија се обидува да го намали приливот на мигранти и баратели на азил. Лани во Германија засолниште побарале околу 1,1 милиони луѓе, јавува Дојче веле.

Берлин врши притисок и на други земји од Африка (Бенин, Сенегал, Нигер, Нигерија, Судан...), да ги примат нивните граѓани кои бараат азил во Германија.

Невладини организации веќе реагираа на ваквите потези на германската влада и го осудија враќањето на бегалците во земји каде што се уште не е безбедно.

Проценката на меѓународната заедница е дека во најголем дел од Авганистан нема веќе воени жаришта, па барателите на азил од оваа земја не можат да се сметаат за бегалци туку економски мигранти. Исто така дел од нив, по неколкугодишен илегален престој во некоја од земјите од регионот, најмногу од Грција, решиле да ја искористат шансата и да влезат во бегалскиот коридор за да стигнат во Германија, Австрија, Шведска...

Се очекува наскоро овој критериум да важи и за државјаните на Ирак, па ќе останат само Сиријците. Германија веќе договориле прием на бегалци од Сирија директно од Турција.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе