Со указ на Врховниот командант и претседател на Македонија

По повод Денот на Армијата Пендаровски додели ордени и унапредувања

Во рамки на централната свеченост на одбележувањето 30 години македонска Армија, што се одржа во касарната „Илинден" врховниот командант и претседателот на Македонија Стево Пендаровски ги одликуваше првиот министер за одбрана, Трајан Гоцевски, Логистичката база при Армијата и Организацијата на резервни офицери со Орден за воени заслуги.

Трајан Гоцевски е одликуван за неговиот придонес во формирањето на Армијата како легитимна и регуларна вооружена сила на Македонија.

Логистичката база при Армијата се одликува за особениот, стратешки, долготраен придонес во планирањето, координирањето, организирањето и извршувањето на логистичката поддршка на командите и единиците на Армијата со што овозможува успешно извршување на сите задачи во мир, војна и кризна состојба. Логистичката база својата подготвеност ја покажа со низа активности во текот на справувањето со мигрантската криза и пандемијата на ковид-19.

Пендаровски и Гоцевски

Организацијата на резервни офицери се одликува за особен придонес во изградбата и јакнењето на одбранбената способност на државата и афирмирањето на воената професија, а по повод 70 години од нејзиното формирање.

Исто така, претседателот Пендаровски со указ го унапреди полковник Сашко Лафчиски во чин бригаден генерал и го постави полковник Васко Коколански за командант на Командата за обука и доктрини во Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе