По настаните во Синичане, МВР со кривична пријава против градоначалникот на Боговиње

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Џ.А. (49) од село Боговиње, тетовско, градоначалник на општина Боговиње, поради постоење основано сомневање за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против правно лице од Боговиње, сопственост на М.А. (51) поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Првопријавениот, во јули, како градоначалник на општина Боговиње, постапил несовесно во вршење на својата службена должност и овластување и, спротивно на законот, овозможил почеток на изградба на водовод за потребите на граѓаните на село Синичане, тетовско, без да обезбеди потребна документација и одобрение за почнување на градба.

Притоа во име на општината, преку Јавното комунално претпријатие, Џ.A. дал насоки да се ангажира економскиот оператор, односно второпријавеното правно лице, чиј сопственик M.A., иако знаел дека за изградбата на водоводот не постои одобрение, го прифатил ангажманот и започнал со градежни активности, соопшти МВР.

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе